Селими назначен за селектор на фудбалската репрезентацијата до 17 години

May 14, 2024
1 min read

Македонската фудбалска репрезентација до 17 години има нов селектор. Ерхан Селими е новиот предводник на оваа млада селекција, каде доаѓа на местото на прерано починатиот Дашмир Беари.

Селими веднаш по назначувањето, започна со работа, бидејќи младата репрезентација на Македонија ја очекуваат два контролни натпревари. Селекцијата до 17 години  предводена од Ерхан Селими се наоѓа моментално во Црна Гора, каде што ќе одигра два контролни натпревари  против соодветната селекција.

– За мене ова е нов и голем предизвик. Нормално е дека е голема одговорноста да со води младата репрезентација на Македонија до 17 години. Подготвен сум да дадам се од себе и да ја оправдам довербата. Не очекуваат два натпревари, во кои ќе настапиме само со играчни од домашното првенство и ќе се обидеме да оставиме добар впечаток.. Немавме многу врееме за подолги и посериозни припреми , но верувам во добри настапи, изјави Селими за веб-страницата на ФФМ.

Натпреварите со Црна Гора ќе се играат денес и в четврток, двата со почеток во 18:45 часот.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

НЕМАМ ДЕН РАБОТЕН СТАЖ, КАКО МЛАД БЕШЕ ТЕШКО, НО ДЕНЕС УЖИВАМ ВО ТЕШКОТИЈАТА, ВЕЛИ МАСИН ПРЕД ГОЛЕМАТА ИЗЛОЖБА ВО ДАУТ ПАШИН АМАМ

Следно

Кога ќе се спојат лазањи и палачинки, настанува ова вкусно јадење

Latest from Blog

Уметноста на живеењето како заедничка вредност: Diners Club и Драмски театар во нова ера на соработка

Во срцето на секоја заедница стојат приказните кои не обликуваат, а во Скопје, тие приказни веќе осум децении се раскажуваат на сцената на Драмски театар. Токму во годината на овој значаен јубилеј

Повеќе ред и хигиена на гробиштата во Прилеп

Екипите на ЈКП Комуналец Прилеп поставија дополнителен број корпи за отпадоци на Старите и Новите градски гробишта во Прилеп, со цел подобрување на хигиената и одржувањето на просторот. Од претпријатието информираат дека

Божиновска: Модернизацијата на енергетиката продолжува со нови проекти

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за транспорт Александар Николоски, присуствуваше на свеченото отворање на новата 100/35 киловолтна трафостаница „Централна“ во Скопје,
Go toTop