Селекторот на Гана нападнат од навивач во хотел

January 15, 2024
1 min read

Гневен навивач се обиде да го удри селекторот на фудбалската репрезентација на Гана, Крис Хатон, во хотел во Абиџан, по неделниот пораз во рамки на 1. коло на африканскиот Куп на нации.

Гана загуби со гол во судиското продолжение од Зеленортските острови, во еден од неколкуте шокантни резултати на стартот на африканското првенство, чиј домаќин е Брегот на Слонова коска.

Група гневни навивачи му пристапиле на Хатон во хотелот на враќање од натпреварот, а поголем инцидент е спречен од обезбедувањето во објектот.

За Гана тоа беше втор пораз од аутсајдер, откако загуби во дуелот против Коморските Острови (2-3) на претходното издание на африканскиот Куп на нации пред две години.

Поранешниот ирски репрезентативец Хатон, чиј татко е со потекло од Гана, седна на селекторската клупа во март, а на Мундијалот 2022 во Катар беше технички советник во репрезентаицјата.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонската заедница во Австралија: Mакедонското знаме е забрането на „Австралија опен“

Следно

Не купувајте скапи шампони, најдобриот “пријател“ на вашата коса можете да си го направите сами

Latest from Blog

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се

Шефот на Росатом предупредува дека ситуацијата во иранската нуклеарна централа Бушер се влошува поради нападите

Ситуацијата во иранската нуклеарна електроцентрала Бушер продолжува да се влошува, а нападите претставуваат директна закана за нуклеарната безбедност, изјави шефот на руската државна нуклеарна корпорација Росатом Алексеј Лихачев по уште еден напад
Go toTop