Секој ден борба, секоја вечер молитва – Анифе и двете деца од Куманово молат за покрив над глава

April 12, 2025
1 min read

Влага, болест, сиромаштија, кирија, мака, наспроти една самохрана мајка.

Анифе Мурати од Куманово живее со своите две деца. 11 годишната Лениса и 10 годишниот Енеид.

„Јас пет години трпев насилство, многу, многу, дури ми ги стави рацете во вратот мојот сопруг, за да ме убие. Му се молев на Господ и таа ноќ ми даде сила, реков само за овие деца Господе спаси ме. Децата беа сведок на тој страшен настан“, рече Мурати.

Кога конечно собрала храброст да побегне, заминала со само една чанта – и со децата.

„На почеток кога дојдов имав само една чанта на рацете, исто и децата.“, изјави Анифе.

Госпоѓа Анифе до скоро работела, но поради здравствени проблеми, таа била принудена да ја остави работата.

„Тешко е една жена да биде и мајка и татко за децата, без ничија поддршка. Кријата е уште полошо! Со плата од 18.000 денари, кирија 100 евра, од другата страна струјата, другите трошоци, човек се изморува и психички, а и со здравје сум слаба. Имам проблем со пршлените, земам многу лекови, таму имам многу апчиња.Една ноќ пред Бајрам паднав тука поради крварење…“, вели Мурати.

Анифе, жена борец, од хуманите луѓе бара поддршка за да обезбеди покрив над глава.

„Би ги замолила сите, кој колку има можност, поради децата да ни помогнат и секој кој ни помогнал досега Господ никогаш да не им даде лошо. Би сакале да имаме наш стан, да не се грижам дали ќе имам да платам кирија, или немам, тоа ми е најголема грижа, сите ги молам, кој може да ни обезбеди кров над главата.“, рече Мурати.

Најмногу ја трогнува синот Енеид, кој секоја вечер се моли за дом. А има и сон – кога ќе порасне, да отвори ресторан за оние кои немаат што да јадат.

„Синот одеше секоја година во теравија за Рамазан, и вели Мамо се молам да имаме кров над главата, и да не бидеме веќе вака. Тие зборови најмногу ме болат. му велам дај Боже Господ да ни ги исполни желбите, вели мамо кога ќе пораснам сакам многу да постигнам, да отворам ресторан, кој нема што да јаде јас ќе му дадам“, вели Анифе.

ГРАФИКА:
АНИФЕ МУРАТИ
290500021856745
ТТК БАНК

+38977938577

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Семејствата на настраданите на протестниот марш во Кочани побараа отчет за сработеното

Следно

„Одолговлекувањето на Израел во преговорите за прекин на огнот во Газа го тестира трпението на Вашингтон“

Latest from Blog

Коњановски: Градоначалничкиот мандат започна со нови градинки, спортски терени и дигитализација

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, го презентираше отчетот за првите 100 дена од новиот мандат, истакнувајќи дека фокусот е на инфраструктура, образование, спорт, култура и енергетска транзиција. Во овој период беше

Никола Ѓурѓај: „Нема да молчиме пред одлуки штетни за македонското население“

Македонското друштво “Илинден“-Тирана остро се спротивставува на отворањето мигрантски центри на територијата на општина Пустец. Сметаме дека ваквата одлука е донесена без претходна консултација со локалното население, без организирање јавна расправа

Шефицата на британската дипломатија повика да прекинат „ужасните искушенија“ на Џими Лаи

Лаи, 78-годишен британски државјанин, денеска е осуден на 20 години затвор, според законот за безбедност што го воведе Кина во оваа поранешна британска колонија. Во изјава на X од Министерството за надворешни
Go toTop