Сeјфулаху: Кризата на Блискиот Исток и глобалното влијание – психолошка перспектива

March 27, 2026
1 min read

Тензијата на Блискиот Исток и нејзините ефекти врз глобалната економија, особено во секторот на нафта и енергија, создадоа бран на несигурност и анксиозност кај луѓето ширум светот. Зголемувањето на цените, економската нестабилност и постојаниот прилив на вести директно влијаат врз нашата психолошка благосостојба.

Пишува: Беким Сејфулаху, професор по псикологија

Според професорот по психологија, Беким Сејфјлаху, емоционалните реакции на глобалните кризи се сосема нормални. Стравот, загриженоста и чувството на несигурност се природен дел од човечкото искуство. Сепак, начинот на кој ги менаџираме овие емоции е клучен за нашето ментално и физичко здравје.

Како да ја зачуваме смиреноста во време на криза?

Во вакви околности, важно е да преземеме свесни чекори за да ја заштитиме нашата емоционална стабилност:

Ограничете ја изложеноста на негативни вести.

Информирањето е важно, но преголемата изложеност на постојани и често алармантни информации може значително да го зголеми стресот и анксиозноста.

Фокусирајте се на она што можете да го контролирате.

Глобалните настани се надвор од нашето директно влијание, но нашата дневна рутина, грижата за себе и нашите односи се нешта со кои можеме да управуваме.

Бидете активни и поврзани со другите.

Физичките активности како прошетки или спорт, како и комуникацијата со семејството и пријателите, помагаат во стабилизирање на емоциите и намалување на стресот.

Поврзаноста меѓу психолошкото и биолошкото здравје

Постојаниот стрес не влијае само на умот, туку и на телото. Може да предизвика хроничен замор, нарушувања на спиењето, висок крвен притисок и ослабување на имунолошкиот систем. Затоа, грижата за менталното здравје е воедно и грижа за физичкото здравје.

Порака до граѓаните

Во време на неизвесност, смиреноста и свесноста се нашата најголема сила. Важно е да не дозволиме глобалните случувања да нè преоптоварат емоционално. Со одржување на балансот, фокусирање на сегашноста и барање професионална помош кога е потребно, можеме да го заштитиме нашето ментално здравје и квалитетот на животот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Vidhet xhamia e 3-të brenda dy javësh në Pollog

Следно

Нова урбана зона во Битола – конкурс за најдобро идејно решение

Latest from Blog

Нова урбана зона во Битола – конкурс за најдобро идејно решение

Основна цел на конкрсот е да се добие квалитетно урбанистичко – архитектонско и пејсажно решение за нова спортско-рекреативна зона во АРМ – Битола, со компатибилни мали комерцијални и деловни намени, следејќи ги

САД подготвуваат копнена офанзива против Иран?

 Американскиот претседател и натаму тврди дека преговорите со Техеран добро напредуваат, Иран категорично негира, а разногласијата повторно ја вивнаа цената на нафтата на 110 долари за барел, особено по информациите дека Пентагон

Димитриевски: Прагматично зголемување на минималната плата и цврста линија за ЕУ и уставните измени

Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, оцени дека минималната плата треба да се зголеми, но тоа да се направи врз основа на договор меѓу работодавачите и синдикатите, водејќи сметка
Go toTop