Седумгодишната Лина од Газа почина од неисхранетост и недостиг на лекови поради израелската блокада и нападите

August 14, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Седумгодишното палестинско девојче Лина Шеик Халил од Деир ал Балах , Газа, денес почина поради неисхранетост и недостиг на лекови, јавува Анадолу.

Вујкото на Лина за Анадолу изјави дека нивното семејство побегнало од населбата Шеик Радван во болницата Ал Акса, каде што починала неговата внука Лина поради неисхранетост и недостиг на лекови.

„Пред војната беше добро, но по војната, како што гледате, се селиме од шатор во шатор и никој не можеше да ѝ ја обезбеди храната што ѝ беше потребна, па ја загубивме. Моја единствена порака до светот е да ги погледне децата во Газа; сите умираат поради недостиг на храна, лекови и правилна исхрана“, порача вујкото на Лина.

Обединетите нации (ОН) во понеделникот, на 5 август, известија за пораст на случаи на неисхранетост кај децата во северниот дел на Газа, каде што хуманитарната криза продолжува да се продлабочува.

Израел, прекршувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот, се соочи со меѓународна осуда поради континуираната брутална офанзива врз Газа по нападот во октомври минатата година од страна на палестинската група на отпорот Хамас.

Според здравствените власти, во тековната израелска офанзива врз Појасот Газа досега загинати се речиси 40.000 Палестинци, најголем дел жени и деца, а над 92.000 се повредени.

По повеќе од 10 месеци од почетокот на израелската војна огромни делови од Газа се во урнатини, а постои и блокада за храна, чиста вода и лекови.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, кој му нареди веднаш да ја прекине воената операција во јужниот град Рафа, каде што повеќе од еден милион Палестинци побараа засолниште од војната пред да започне копнената офанзива врз градот на 6 мај.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци в петок и сабота во Скопје

Следно

Ердоган: Туркије ќе го задржи својот „конструктивен, проактивен пристап“ кон надворешната политика

Latest from Blog

Канада ќе го урне училиштето, во кое се случи масакр

Одлуката за уривање на средното училиште е донесена по состаноците на училишниот одбор со жртвите, членовите на семејствата и локалната заедница, објави премиерот на Британска Колумбија, Дејвид Еби. „Сакаме да се осигураме

САД им ги укинаа визите на 27 лица- дистрибуирале порнографски слики со деца на „Дизни“ бродовите

Американската служба за имиграција и царина им ги одзеде визите на 27 лица, претежно од Филипините, вклучувајќи и некои кои работеле на бродови на „Дизни Круз Лајн“, под сомнение за примање, поседување,

Државата го турка проектот за рудникот Крстов Дол: Која е фирмата што ќе копа?

Владата им дозволи на Американците да истражуваат колку количества антимон останале во рудникот „Крстов дол“ кај селото Луке, Крива Паланка. За 5 милиони долари, тоа ќе го прави австралиска компанија, која ја
Go toTop