Седум полицајци се киднапирани, осуммина милитанти убиени во жестоки судири во Северозападен Пакистан

November 19, 2024
1 min read

КАРАЧИ (АА) – Најмалку седум пакистански полицајци се киднапирани, а осуммина милитанти и еден војник се убиени во повеќечасовните судири во северозападната пакистанска провинција Хајбер Пахтунхва, изјавија денес извори за Анадолу.

Осомничените милитанти киднапираа седум полицајци во дистриктот Бану, во близина на немирниот племенски регион Северен Вазиристан, кој некогаш беше феуд на Техрик-е-Талибан Пакистан (ТТП), конгломерат од неколку милитантни групи што се борат против безбедносните сили и органите на редот речиси 18 години.

Операцијата за пронаоѓање на киднапираните полицајци е во тек, изјави телефонски за Анадолу началникот на полицијата во градот Бану, Зијаудин Ахмед Ахмед, потврдувајќи дека инцидентот се случил во текот на вчерашниот ден.

Пакистан бележи пораст на терористичките напади, главно во неговите северозападни и југозападни региони во последните неколку месеци.

Вчера и денес избувнаа судири во долината Тирах во племенскиот округ Хајбер, во близина на границата со Авганистан, при што загинаа осуммина припадници на таканаречената милитантна група Лашкар-е-Ислам, вклучително и нејзиниот врховен командант Амер Тајеб, изјави за Анадолу полициски претставник барајќи да остане анонимен.

Во судирите се повредени уште петмина милитанти, додаде тој.

Според непотврдени извештаи, во судирите загинале осум полицајци, но официјален претставник од канцеларијата на заменик-комесарот на Хајбер го демантираше тоа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трајков во посета на фондацијата на Фидес: Важна е улогата на граѓанското општество во европските интеграции

Следно

Академијата Ф1 го претстави календарот за женските трки за 2025 година

Latest from Blog

Тоневски: Инвестиција од 6 милиони денари за сигурно водоснабдување во Пробиштип

Во тек е проектот за санација и реконструкција на главниот градски резервоар за вода за пиење во Пробиштип, кој влегува во својата втора фаза од реализацијата. Градоначалникот Тони Тоневски информира дека се

Арагчи: Ормуската Теснина останува затворена за „агресорските земји“

Тој прецизира дека преминот е затворен за пловилата на „агресорските држави и нивните поддржувачи“, пренесува порталот „Прес ТВ“. Во телефонски разговор со својот јужнокорејски колега Чо Хјун, Арагчи истакна дека моментната несигурност

ОД ПРВИОТ ЧЕКОР ДО САМОСТОЈНОСТ – 25 години СОС Детско село – 25 години менуваме животи

СОС Детско село Македонија годинава одбележува значаен јубилеј, 25 години посветеност на децата, младите и семејствата во земјата. Во изминатите 25 години, СОС Детско село Македонија помогна илјадници деца, млади и семејства

Лидерот од Тему: „Што направи нашата влада, намали само ДДВ на горивата?“ „Вашата“ ни тоа него стори…

Нов ден, нова демагогија од СДС. Овојпат во директна изведба на нивниот лидер од Тему. Виа Муртино. Многу веројатно, тој пак ја менуваше Богданка и само го прочита напишаното од Башановиќ. Или
Go toTop