Седум Палестинци, меѓу кои има и деца, се убиени во израелски напад врз училиште во Газа

October 19, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Најмалку седум Палестинци, меѓу кои има деца и жени, се убиени денес во израелски воздушен напад врз училиште управувано од Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА) во западниот дел на Газа, во кое престојуваа раселените семејства, известува Анадолу.

Палестинските медицински лица за Анадолу информираа дека седум Палестинци се убиени, а голем број се ранети, во израелскиот воздушен напад врз училиште.

Очевидците изјавија дека цел на воздушниот напад било училиштето Асма во бегалскиот камп Шати, во кое во моментов се сместени илјадници раселени Палестинци.

Училиштето се користело како засолниште за семејствата кои избегале од континуираното израелско бомбардирање во северна Газа.

Израел уби повеќе од 42.500 Палестинци во Појасот Газа од 7 октомври минатата година. Во израелските бомбардирања оваа недела убиен е и лидерот на Хамас, Јахја Синвар.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: До средината на ноември субвенции од над милијарда и триста милиони денари за околу 20 000 земјоделци

Следно

Средба меѓу Ердоган и германскиот канцелар Шолц во Истанбул

Latest from Blog

Мицкоски: Ќе одговара секој кој прави криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и ако тој глас допре до мене

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево одговарајќи на пратеничко прашање дека секој оној кој што прави какво било криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и тој глас допре

Стоилковски: Предвремени парламентарни избори нема да има

Советникот во кабинетот на премиерот за комуникации и односи со јавност задолжен за координација на портпароли, Наум Стоилковски во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 порача дека предвремени парламентарни избори нема да има.
Go toTop