Седум лица се водат како исчезнати во поплавите по уривањето на браната, тврди градоначалникот на Нова Каховка назначен од Москва

June 7, 2023
2 mins read

Хуманитарни работници кои пружаат помош на десниот брег на реката Днепар, кој е под украинска контрола, пак велат дека се принудени да работат под артилериски оган од руска страна, јавува Ројтерс

Најмалку седум лица се водат како исчезнати откако водите од уништената брана „Нова Каховка“ на реката Днепар ги поплавија околните области, јави денеска руската новинска агенција ТАСС, цитирајќи го градоначалникот на градот Нова Каховка, инсталиран од Москва, пренесува Гардијан.

„Со сигурност знаеме за седум луѓе (дека се исчезнати)“,

изјавил градоначалникот Владимир Леонтиев за ТАСС.

Луѓе му помагаат на повозрасен маж при евакуацијата од неговиот дом по пополавените улици на Херсон/Фото: EPA-EFE/IVAN ANTYPENKO

Повеќе од 900 луѓе вчера биле евакуирани од градот Нова Каховка, кој брои околу 45 000 жители. Градот се наоѓа на левиот брег на реката Днепар и е под контрола на Русија.

Претставници на украинските власти претходно соопштија дека повеќе од 40 000 луѓе се под ризик од поплави, а се очекува водениот бран да го достигне својот врв денеска.

Шефот на канцеларијата за помош на Обединетите нации Мартин Грифитс во своето обраќање пред Советот за безбедност на ОН рече дека магнитудата на големата катастрофа целосно ќе биде позната во наредните денови, пренесува Гардијан.   

Новинската агенција Ројтерс јави дека хуманитарни работници на десниот брег на реката, кој е под украинска контрола, пријавиле дека се принудени да работат под артилериски оган од руската страна.

„Најголемата тешкотија во моментов не е водата. Русите од другата страна на реката сега нè гранатираат со артилерија“, .

изјавил рече Ендрју Негрич, кој ги координира активностите за помош на американска добротворна организација „Глобална мисија за зајакнување“

Вчера вечер во Херсон репортерите на Ројтерс слушнале четири артилериски експлозии во близина на станбена населба од каде биле евакуирани цивили.

Украински официјални претставници и новинари на социјалните мрежи споделуваат видео-снимка, која, како што се наведува го прикажува поплавениот град Олешки на левиот брег на реката Днепар, во областа Херсон која е под руска окупација.

Браната „Нова Каховка“ е клучна за регионот на Херсон бидејќи обезбедува вода за земјоделците и жителите, како и за нуклеарната централа Запорожје. Таа претставува и витален канал кој носи чиста вода на југ до полуостровот Крим, кој во 2014 година беше анектиран и е под контрола на Русија.  

Украинскиот администратор на државните хидроцентрали „Укрхидроенерго“ предупреди дека врвот на излевање на водата од резервоарот што се празни се очекува денеска. По ова, како што се наведува, се очекува период на стабилизација и повлекување на водата во наредните четири до пет дена. 

Постои загриженост за нуклеарната централа Запорожје – најголемата во Европа – која користи вода за ладење на реакторите од браната. 

Според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) таму ситуацијата во моментов и под контрола и нема неспореден ризик за нуклеарната безбедност на централата. 

Јужната команда на украинските сили вчера утро  соопшти дека руските сили ја урнале браната „Нова Каховка“ во окупираниот дел на украинската област Херсон. Уништувањето на браната доведе до излевање на водата до 11 метри во областа Нова Каховка и принуди евакуација на речиси илјадници луѓе.

Додека претставници на официјален Киев, но и на САД, Канада и на Европската Унија го осудија уништувањето на браната, а дел од нив за тоа ја обвинија Русија, официјална Москва, пак, обвини дека станува збор за намерна саботажа извршена од Украина за да се одвлече вниманието од неуспешната контраофанзива против руските сили.

Засега не може со сигурност да се потврди што точно се слулило и кој стои зад уништувањето на браната. Ова вчера го кажа и портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа Џон Кирби, кој рече дека Вашингтон со внимание ги разгледува извештаите за тоа што го предизвикало уривањето на браната. 

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Зеленски: „Украина ќе подготви инфраструктура за борбените авиони Ф-16“

Следно

Откриени деталите од понудата на Реал за Кејн

Latest from Blog

Фото: Емилија Кларк во проѕирен фустан на првиот црвен тепих по повеќе од една година

По повеќе од година и пол отсуство од јавноста, Емилија Кларк се врати на црвениот тепих со стил. Ѕвездата од „Игра на тронови“ изгледаше зачудувачки во проѕирен фустан на „Глобал Гифт Гала

ХАОС ПРЕД СРПСКОТО СОБРАНИЕ: Полицијата спречи упад, силни топовски удари, БЛОКАДЕРИТЕ ЗАПАЛИЈА ШАТОР (ФОТО+ ВИДЕО)

Во центарот на Белград, пред Народното собрание, се собрале неколку блокадери, обидувајќи се да предизвикаат хаос, јавуваат медиумите. Според извештаите, блокадерите почнале да фрлаат камења и шишиња кон „Чациленд“. МУП издаде итно

Антони ја “скрши“ Мајорка!

ФОТО: Real Betis Balompié/FB Бетис – Мајорка 3:0. Ова е исходот од вечерашниот меч во Ла Лига во Севиља. И веднаш, уште една одлична партија на Бразилецот Антони кој со два гола

Мицкоски со силна порака за Кичево и кичевчани: Победи соживотот и вербата во вредности

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва испрати силна порака за победата во Кичево. -Падна Фатмир Дехари. Падна од народот кој се обедини против раскалашеноста, недомаќинското работење и се докажа дека

Орце Ѓорѓиевски: Благодарен сум на скопјани за довербата – нема да ја изневерам

Новoизбраниот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва по изборната победа изјави дека веднаш по примопредавањето на функцијата ќе започне со реализација на плановите за подобрување на состојбите во главниот град. „Веднаш
Go toTop