Се зголемува притисокот врз Израел, здравствениот систем на Газа се распаѓа

January 19, 2024
1 min read

Поддршката на САД за Израел додека ја продолжува операцијата за елиминирање на Хамас има глобален ефект – Европскиот парламент усвои резолуција која повикува на траен прекин на огнот, под услов милитантната група Хамас да биде елиминирана и нејзините заложници да бидат ослободени.

„Гласањето е отворено. Гласањето е затворено. Одобрена е“, вели Пина Пичерно, потпретседателка на ЕП.

Бајден, кој се спротивстави на повиците за прекин на огнот, рече „имаме долг пат да поминеме “ во конфликтот.

И додека претседателот на Израел Исак Херцог призна дека операцијата сериозно се одразила врз 2 милиони жители на Газа, тој вели дека Израел нема друг избор освен да продолжи.

„Не бегам од човечката трагедија во Газа. Не` боли што нашите соседи толку многу страдаат. Но, како инаку можеме да се одбраниме кога нашите непријатели решиле да се позиционираат во инфраструктура од неверојтани размери“, рече Херцог.

Аналитичарите велат дека поддршката на Вашингтон на операциите на Израел, кои предизвикаа десетици илјади жртви, дефинитивно ја намалиле неговата глобална позиција.

„Денес, САД се поизолирани во однос на прашањето за Газа во ОН, отколку Русија пред две години“, вели аналитичарот Трита Парси.

Ова ги попречи напорите на САД во други области, како што е обидот да се обединат долгогодишните сојузници да дејствуваат против бунтовниците Хути кои ги напаѓаат трговските бродови во Црвеното Море.

„Единствената голема земја што остана во коалицијата беше Обединетото Кралство. Останатите земји како Франција, Шпанија, Италија отпаднаа. И ова, повторно, покажува колку ослабена е силата на Америка за обединување, поради длабоките политички несогласувања кои сега постојат меѓу САД и некои од нивните најблиски сојузници“, вели Парси.

И ги охрабри оние кои долго време се жалат на хегемонијата на САД, како што е Јужна Африка, која претходно овој месец го тужеше Израел за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата.

„Најостро го осудуваме ужасниот масакр и геноцид врз народот на Палестина што се врши во Газа и на Западниот Брег“, вели претседателот на Јужна Африка Сирил Рамафоса.

Во наредните денови, Јужна Африка ќе биде меѓу 120 делегации кои ќе се состанат во Уганда на самитот на Движењето на неврзаните – нации кои не се формално усогласени со или против некој голем блок.

Оние кои внимателно ги следат меѓународните тела велат дека ова им штети и на САД.

„Со тоа што укажаа дека се подготвени да го сменат курсот на глобалната волја кога се заинтересирани да го заштитат Израел, САД всушност се залагаат да ги делегитимираат тие институции и да кажат дека овие институции не се ништо повеќе од алатка на политиката на големите сили“, вели Анџели Дејал од Универзитетот Фордам./voa

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Опозицијата од САД: Во Македонија нема место за политичари кои гледаат во минатото

Следно

Меџити, Касами и Гаши на средби во американскиот Стејт Департмент

Latest from Blog

Градоначалникот Коњановски ги додели наградите 4-ти Ноември за култура и образование

На свечената академија по повод 81-вата годишнина од ослободувањето на Битола, беа доделени традиционалните општински награди за најуспешни поединци и институции. Највисоката награда за животно дело годинава му беше доделена на ликовниот

Митева: ВМРО-ДПМНЕ повторно ја доби довербата од граѓаните, но колку е таа поголема, толку е поголема и одговорноста

Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија изјави дека големата доверба што граѓаните ја дадоа на локалните избори претставува уште поголема одговорност.

Мадона се мажи за момче, помладо од нејзината ќерка- свадбата ќе се одржи во Европа

Странските медиуми објавуваат дека Мадона (67) наскоро би можела да го каже судбоносното „да“ на своето 38-годишно момче Аким Морис (29), со кого е во врска неколку години. Според „Радар онлајн“, Аким
Go toTop