Се зголеми невработеноста во Германија

January 7, 2026
1 min read

Стапката на невработеност во Германија во декември изнесува 6,2 отсто, а бројот на невработени се зголемил за 3.000 во споредба со октомври, достигнувајќи 2.908 милиони, покажуваат денес објавените податоци на тамошната Федерална агенција за труд (BA).

На годишно ниво, бројот на невработени во Германија се зголемил за 101.000 во споредба со декември 2024 година, а стапката на невработеност е повисока за 0,2 отсто во однос на истиот период минатата година.


На денешната прес-конференција во Нирнберг, директорката на BA, Андреа Налес, изјави дека пазарот на труд во Германија недостасува економски замав и дека очекува трендот на слаби резултати да продолжи, наведува германската Федерална агенција за труд.

Податоците покажуваат дека во декември биле регистрирани 619.000 слободни работни места во Германија, што е за 35.000 помалку од истиот месец во 2024 година.


Во извештајот за декември е истакнато и дека 1.033.000 луѓе во Германија примаат надомест за невработеност, што значи дека бројот е зголемен за 102.000 во споредба со претходната година.

Како и минатиот месец, околу седум отсто од работоспособното население во Германија и понатаму зависи од социјална помош, се наведува во извештајот, пренесува Танјуг.


Извор: tv21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Предупредување за корисниците на Gmail

Следно

Елмас повторно стартер: Наполи се спасуваше од пораз на “Марадона“!

Latest from Blog

ТРАМП ПОВТОРНО СЕ ЗАКАНИ! Цените на нафтата повторно во пораснаа

Претседателот на САД, Доналд Трамп, соопшти дека американските воени бродови и авиони заедно со воениот персонал ќе останат околу Иран сè до исполнување на, како што рече, вистинскиот договор. Предупреди дека ако

Трамп најави директни преговори со Иран во блиска иднина

„Тоа ќе се случи многу скоро“, пренесе „Њујорк пост“ изјава на Трамп од денешното телефонско интервју. Трамп појасни дека од американска страна во преговорите ќе учествуваат неговиот зет Џаред Кушнер и специјалниот
Go toTop