Се за трансфер во Арсенал: Ѓеркеш ја остави девојката, па се откажа и од 2 милиони евра!

July 8, 2025
1 min read

Виктор Ѓеркеш очигледно по секоја цена сака да се пресели во редовите на Арсенал, напаѓачот ја прекинал врската со португалската актерка Инес Агиар, па се откажа и од 2 милиони евра со цел да изнуди трансфер во Северен Лондон.

Виктор Ѓеркеш реши ова лето да го напушти Спортинг, интерес за неговите услуги пројавија неколку клубови но тој на сите им кажа НЕ и го одбра Арсенал.

Напаѓачот потоа ја прекина врската со португалската актерка Инес Агиар, а сега откако запнаа преговорите помеѓу Спортинг и „топчиите“, тој реши да жртвува 2 милиони евра, односно да се откаже од оваа сума во форма на плата со цел клубот од Северен Лондон да може да ја зголеми понуда.

Очигледно Швеѓанецот по секоја цена сака да направи трансфер во Арсенал и желбата ќе му се исполни, двата клуба ги пеглаат последните детали за зделка вредна околу 80 милиони евра.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најмалку 17 Палестинци се убиени во израелските напади врз Газа од утринските часови

Следно

Акропол денеска затворен од 13 до 17 часот поради високите температури

Latest from Blog

МЗШВ: Нема привилегирани и заштитени, секој што се огрешил и ја злоупотребил функцијата, ќе одговара

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство најостро го осудува секое незаконско постапување и противправно дејствување, вклучително и последниот случај со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, велат во соопштение од ресорното министерство.

По деценија пауза – Жолтата боја се враќа: ФФМ го претстави новиот дрес на фудбалската репрезентација

Фудбалската федерација на Македонија преку социјалните мрежи го најави новиот дрес на македонската репрезентација, со кој националниот тим ќе настапи во претстојните плеј-оф натпревари за Светското првенство. Во објавата на Фудбалска федерација

Репрезентацијата доби нов изглед – ФФМ ја врати жолтата боја

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги претстави новите дресови на македонската фудбалска репрезентација, со кои националниот тим ќе настапи во претстојните плеј-оф натпревари за Светско првенство. По повеќе од една деценија, во

Димитриеска-Кочоска: Нашиот фокус останува стабилен буџет и редовно сервисирање на обврските

20 март 2026 година, Скопје- Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во вчерашното интервју за Дневникот на Македонска радио-телевизија истакна дека во услови на глобална неизвесност се можни одредени корекции на буџетските проекции,
Go toTop