Се врати Лигата на шампиони: Тридневен спектакл од 2,5 милијарди евра

September 16, 2025
1 min read
ФОТО: UEFA.COM/X

Новата сезона во Лигата на шампионите започнува денес, а ќе заврши на 30 мај 2026 година со финалето на „Пушкаш Арена“ во Будимпешта.

Првото коло ќе се игра три дена, од вторник до четврток, со по шест натпревари секој ден. Ова е втора сезона во која Лигата на шампионите се игра во лига-шема наместо во групи.

Во една лига има 36 клубови, кои играат со осум противници – по четири дома и четири на гости. Осумте најдобри екипи директно се пласираат во осминафиналето. Тимовите од 9. до 24. место играат плејоф со два натпревари, од каде што произлегуваат уште осум учесници во осминафиналето – вкупно 16 екипи кои ја започнуваат нокаут фазата.

Новата Лига на шампионите има буџет од дури 2.5 милијарди евра. Секој учесник на стартот доби по 18.6 милиони евра, што изнесува вкупно 670 милиони евра или 27.5% од буџетот. Понатаму, 35% или 835 милиони евра се делат според маркетинг и историскиот рејтинг на клубовите. На распределбата по освоени бодови ѝ припаѓаат 914 милиони евра или 37.5%.

Еден освоен бод му носи на клубот 700 илјади евра, победата 2.1 милиони евра. Пласманот понатаму обезбедува уште еден милион евра, осминафиналето дополнителни 11 милиони, четвртфиналето 12.5, полуфиналето 15, а финалето 18.5 милиони евра. Победникот добива уште 6.5 милиони евра, а со триумфот си обезбедува и дополнителни 4.5 милиони евра за настап во европскиот Суперкуп.

Почетокот на лигашката фаза нуди низа дербија и атрактивни дуели. Првиот ден Арсенал, еден од фаворитите, ќе има тежок испит на гостувањето кај Атлетик Билбао. Ќе го гледаме и дуелот на хрватските тренери на клупите на европските великани – Јувентус на Игор Тудор ќе ја пречека Борусија Дортмунд на Нико Ковач. Реал својот поход кон европскиот врв го започнува дома против Марсеј.

Четири спектакли во среда

Среда носи дури четири спектакли. Баерн го пречекува Челзи, Ливерпул на „Енфилд“ ќе игра против Атлетико Мадрид, Ајакс ќе биде домаќин на Интер. Многу ветува и дуелот ПСЖ – Аталанта.

Четврток носи два големи дуели. Манчестер Сити го пречекува италијанскиот првак Наполи за кого настапува Елиф Елмас. Истата вечер Њукасл ќе ја пречека Барселона.


Двојки прво коло: (18:45) Атлетик Билбао – Арсенал, ПСЦ Ројал У, (21 часот) Бенфика – Карабах, Јувентус – Б.Дортмунд, Реал Мадрид – Марсеј, Тотенхем – Виљарел.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Алкалоид, Макпетрол и Комерцијална банка со најголем дневен промет

Следно

Бјере: Реформите и Копенхашките критериуми се суштински за проширувањето на ЕУ

Latest from Blog

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

„Од овој момент, ја прогласувам ракетната доминација на синовите на Иран над небото на окупираните територии“, објави командантот Сејед Маџид Мусави на социјалната мрежа Икс. Тој додаде дека „новите тактики и системи

Меѓународната агенција за атомска енергија повика на воздржаност по нападот врз нуклеарниот комплекс во Иран

МААЕ во соопштение на мрежата Икс наведува дека Техеран ја информирал агенцијата на Обединетите нации (ОН) дека локацијата била „нападната денеска“. „Не е пријавено зголемување на нивото на зрачење надвор од локацијата.
Go toTop