Се уште нема правда ниту за Ласкарци, ниту за модуларната болница- Можно ли е реотворање на судските процеси?

March 20, 2025
1 min read

Превртениот автобус кај Ласкарци, запалена модуларната болница во Тетово.

Две трагедии во кои загинаа 30 лица, а семејствата и по цели 6 години се уште чекаат правда од судовите.

Пред два дена во тетовскиот суд одново стартуваше судењето за пожарот во модуларната болница, кој на 8-ми септември во 2021-та однесе 14 животи, лица кои се лекуваа од Ковид. Двајцата поранешни директори на болницата Флорин Бесими и Артан Етеми обвинети за тешки дела против општата сигурност во првиот судски процес добија само условни казни од по шест месеци и една година. Апелација пред една година ја укина ваквата пресуда и судењето го врати од почеток, кој се одложуваше дури 5 пати, се до вторникот.

Но и сега, обвинетите тврдат дека не чувствуваат никаква вина. И македонското и германското вештачење утврдија дека пожарот првично го предивикал електричен спој, запален продолжен кабел на кои биле приклучени апарат за реанимација, полнач за мобилен телефон и уште еден уред, но судскиот процес не ги отвори прашањата за пропустите во изградбата на монтажниот објект, во кои немало ниту противпожарен апарат, па првите обиди за гаснење на пожарот биле со кебе и вода.

Цели 6 години поминаа и од несреќата кај Ласкарци, во превртениот автобус на Дурмо Турс загинаа 16 лица. По пет мачни години во потрага по правда и одржани повеќе од 100 рочишта, првостепената пресуда стигна дури минатата година. Највисока казна од 14 години доби возачот на автобусот, додека сопственикот на Дурмо Турс кој беше првообвинет за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот доби казна од 4 години.

Иако вештачењето покажа дека возачот загубил контрола врз автобусот бидејќи тој бил технички неисправен и со само 29% способност на кочниците не успеал да го запре. Обвинителите ја обжалија пресудата за сопствениот и останатите обвинети кои добија пониски казни, но целиот процес завршува тука. Осум месеци подоцна Апелација се уште нема одлука.

Токму овие два судски процеси премиерот Христијан Мицкоски најави дека ќе бидат повторно отворени.

Правниците велат дека во оваа фаза е тешко реотварање на судските процеси, но дефинитвно има што да се дорасчисти.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Приведени се тројца поранешни градоначалници на Кочани, Папазов, Илијев и Димитровски

Следно

Клековски: Македонското здравство максимално пожртвувано го прифати првиот бран на сите повредени пациенти, за помалку од 12 часа се направија и првите транспорти кон странство

Latest from Blog

Фото: Забава со 700 гости за 18 роденден на ќерката на српскиот пејач Саша Матиќ, Тара

Како што се очекуваше, на забавата пристигна скоро целата српска естрада, бидејќи популарниот сале е одличен пријател со скори сите негови колеги и колешки. Секако исти релации одржува и целото негово семејство. 

Севиља се спаси од пораз против Елче

Иако важеше за фаворит пред стартот на дуелот, сепак, тимот на Севиља во премиерниот дуел од викенд колото во Шпанија, на свој терен против тимот на Елче успеа да одигра само 2:2.

Николоски од Прилеп: Ќе го поврзиме градот со целосно автопатско решение

Вечерва на промоција на кандидати за советничката листа и промоција на кандидатот за градоначалник на општина Прилеп, се обрати потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Николоски ги посочи проектите и плановите кои треба
Go toTop