Се трага со сите ресурси по исчезнатото момче од Неготино, велат од полицијата

February 2, 2025
1 min read

Се трага со сите ресурси по исчезнатото момче од Неготино.

Ова денеска за МИА го потврдија од Секторот за внатрешни работи Велес. Оттаму рекоа дека ги преземаат сите мерки и активности за негово пронаоѓање.

Во петокот, од СВР Велес информираа дека во четвртокот вечерта, неговиот татко пријавил дека син му се оддалечил од домот.

– Во четвртокот вечерта во 18 часот во Полициска станица Неготино, Д.Т.(60) од Неготино, пријавил дека од семејниот дом се оддалечил неговиот син М.Т.(28), кој имал здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, соопштија тогаш од Секторот за внатрешни работи Велес.

Во изминативе денови на социјалната мрежа Фејсбук има повици за пронаоѓање на 28-годишниот М.Т., кој последен пат бил забележан во кавадаречкото село Марена. Според семејството, заминал на работа во Кавадарци облечен во работничка опрема со црн елек.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

И болничките кујни под лупа на инспекторите на АХВ – уништени 110 килограми небезбедна храна!

Следно

„На НАТО му треба повеќе оружје“, изјави Марк Руте, генералниот секретар на НАТО

Latest from Blog

САД испраќа засилување на Блискиот Исток- пристигнуваат специјалци за воздушен десант

Пентагон веројатно ќе испрати неколку илјади војници од елитната 82-ра воздушно-десантна дивизија на Армијата на Соединетите Американски Држави на Блискиот Исток, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на два неименувани извори. Изворите не

Мицкоски на средба со германските амбасадори во регионот: Економските партнерства и европската интеграција во фокусот на разговорот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата оствари средба со германските амбасадори во регионот, на која разговарале за продлабочување на билатералната и регионалната соработка. Информацијата за состанокот ја соопшти преку објава на својот
Go toTop