Се трага по уште едно лице – возачот на „аудито“ што вчера падна во Вардар

January 3, 2025
1 min read

Вчера попладне на локалниот пат за село Рашче патничко возило излетало од патот и паднало во Вардар.

Во подоцните вечерни часови  е извлечено возилото кое попладнето излета во Вардар во близина на село Рашче и од него се извадени тела на три женски лица. Потрагата по четврто машко лице кое најверојатно излетало од возилото во водите на Вардар продолжува, соопшти синоќа директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов.

Претходно, случајни минувачи на патот пронашле четиригодишно дете и го пренеле  во ГОБ „Св. Наум Охридски“ кое потоа е пренесено во Клиничкиот центар во Скопје, а од таму соопштија дека детето е во стабилна здравствена состојба и дека ќе биде под медицински надзор поради начинот на кој се случила несреќата.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека се преземаат мерки за пронаоѓање на уште едно лице, кое според исказ од роднини, го управувало возилото „ауди“ што вчера падна во водите на Вардар откако излетало на локалниот пат за село Рашче.

За сообраќајната несреќа во СВР Скопје било пријавено вчера во 16 часот. МВР информира дека веднаш на местото на настанот биле упатени полициски службеници и Итна медицинска помош, како и јавен обвинител.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Денес започнува релито Дакар

Следно

ОН: Повеќе од 115.000 Сиријци се вратиле дома по падот на режимот на Асад

Latest from Blog

Стуб до Трамп: Се формира „поевропско НАТО“ во кое Европа презема одговорност

Разговорот се одржал истиот ден кога Трамп за Ројтерс изјави дека размислува за повлекување на САД од НАТО. Стуб, на социјалните мрежи, го опиша разговорот како конструктивен. – Конструктивна дискусија и размена

Следува промена на времето со врнежи од дожд и снег

Промена на времето со врнежи од дожд и снег на повисоките места најавуваат метеоролозите поради засилена циклонска активност. Според прогнозата на Управа за хидрометеоролошки работи, врнежите локално ќе бидат пообилни и на места

Филипче со писма до ЕУ за политиките на Мицкоски

Се продлабочува судирот меѓу власта и опозицијата околу евроинтеграцијата на Македонија, во услови на повеќемесечен застој на процесот за приближување кон Европската Унија. Власта и опозицијата меѓусебно се обвинуваат за предавство на
Go toTop