Се собираат потписи за поддршка на Таравари

February 5, 2024
1 min read

Спротиставувањето во Алијанса за Албанците, продолжи и денеска. Алсат објави фотографии на кои се гледа како членови на ограноците во Чаир, Чучер Сандево, Арачиново, Куманово, Липково, Сарај, Тетово, Кичево, Гостивар, Долнени, Зелениково и други, се потпишуваат на петицијата за поддршка на шефот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари, и неговиот став за предизборна коалиција со албанската опозиција.

Притоа, Таравари на социјалните мрежи објави и изјава на членовите на Академијата на АА во знак на поддршка.

„Сега кога Северна Македонија оди кон нови избори, имаме единствена можност за голема политичка промена. Консолидацијата на албанската опозиција, поддржана од премиерот на Косово, Албин Курти, е знак за победата на Албанците“, се вели во соопштението потпишано од Халил Снопче, Агрон Рустеми, Арбен Фетаи, Ариф Селмани, Азир Алиу итн.

Алиу е еден од двајцата министри кои излегоа со поддршка за Таравари. Тој и министерот за здравство Фатмир Меџити може да се соочат со последици поради поддршката на партискиот лидер. Одговорност за нив најави и првиот човек на Централното собрание на АА Зијадин Села.

„Дојде време Алијанса за Албанците да се врати на своите корени. Имињата што ги спомнавте се туѓи, ние ги прифативме со раширени раце, но тие беа дојдени со туѓи намери. Ова нема да го толерираме. Кога не знаеш каде ти е местото во новата куќа во која си дошол, должност е да ја напуштиш куќата“, рече Зијадин Села, претседател на Централното собрание на АА.

Запрашани денеска од Алсат за нивно можно разрешување, министрите Алиу и Меџити решија да не коментираат.

Во сабота, на Централното собрание се очекува Алијанса за Албанците да расправа за единствената точка на дневниот ред, одговорност за лидерот Таравари. Откако Таравари излезе во јавноста и ги повика партиските органи да се определат за промени, од дел од функционерите беше обвинет дека ги саботира органите, и оти не ги информирал за понудите за коалиции и не ги следел процедурите според статутот.

Статутот на Алијанса за Албанците предвидува дека претседателот на партијата се разрешува на Конгрес со 2/3 од присутните делегати а иницијативата за престанок на мандатот на претседателот ја иницираат две третини од членовите на партиското собрание.
Централното собрание на АА има вкупно 133 членови а Таравари тврди дека има поддршка од 80 од нив./Алсат.мк

Фатлуме Дервиши

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

По страшната дијагноза: Принц Хари итно оди во Британија да го види својот татко

Следно

И во Бугарија протест на земјоделците

Latest from Blog

Нобеловка доби дополнителни 7 години затвор- не смеела да штрајкува со глад

Иран ја осуди активистката за човекови права и добитничка на Нобелова награда за мир, Наргес Мохамади, на дополнителни седум години затвор откако таа започна штрајк со глад, соопштија денес нејзините поддржувачи, повикувајќи

Мицкоски: Вистинскиот избор за заедничка иднина, избрани претседатели на партиски комисии

На првата редовна седница на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се донела одлука за распишување огласи за избор на нови претседатели на Унијата на млади сили, Унијата на жени, Унијата

Меморијалниот проект „Патека на бесконечноста“ ќе се гради во Стар парк во Кочани

Здружението „16 март 2025 Кочани“ официјално доби одлука од Општина Кочани со која им се одобрува користење простор во Стар парк за реализација на меморијалниот проект „Патека на бесконечноста“. Овој простор е

Николоски: Владата е посветена на долгорочна заштита на Охридското крајбрежје

Охридскиот регион, како светско културно и природно наследство со исклучителна универзална вредност, останува врвен национален приоритет. На средба во седиштето на УНЕСКО во Париз со Кондкер Мохамад Талха, претседател на 43-та сесија

Гастарбајтерите ја напуштаат Германија: „КРИЗА Е…“

Сè повеќе хрватски граѓани емигрираат од Германија, како што покажуваат официјалните бројки. Минатата година, повеќе од 20.000 хрватски граѓани ја напуштиле земјата, 11.000 повеќе од што емигрирале. Некои се вратиле во Хрватска,
Go toTop