Се проширува истрагата за Кочани – претреси во кафе барот Класик и инспекторатите во Кочани и Виница

March 25, 2025
1 min read

МВР од утринава врши претрес во кафе барот Класик кој е во сопственост на Дејан Јованов газдата на дискотеката Пулс. Токму овој кафе бар беше демолиран од револтираните жители на Кочани по трагичната несреќа во која загинаа 59 лица. Исто така од вчера во полициска станица беа повикани и сопругата и ќерката на Јованов, со што се проширува истрагата за оваа трагедија. Истражни органи на Јавното обвинителство извршило претреси за прибирање документација во врска со трагичниот настан и во Државниот пазарен инспекторат во Кочани и Виница.

„Постои една заедничка акција и работа помеѓу Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство кое што резултираше со 34 обезбедени лица кои што имаа и најмал сомнеж за поврзаност со овој случај но, ќе повторам, тука нема да застанеме, случајот ќе се проширува, но исто така јавноста е чувствителна и на некои случаи од минатото кои што ќе треба сега да видиме да почекаме Јавното обвинителство дали има амбиција и тука да констатира некои неправилности од минатото“, вели Христијан Мицкоски.

Од СДСМ повторно обвинуваат за селективност во истрагата и прашуваат зошто не се опфатени и актуелни функционери поставени од ВМРО-ДПМНЕ.

„Логично се наметнува прашањето зошто актуелниот директор на ДПИ, Влатко Стојкоски не е опфатен со истрагата? Иако носи дури и поголема одговорност за надзорот врз објектот „Пулс“ во период пред и за времена кривично-правниот настан“, вели Јон Фрчковски.

Мицкоски ваквите критики ги отфрли и ги оцени како паушални политички квалификации. Во однос пак на најавениот мораториум на угостителските локали, но и на државни објекти, тој рече дека ќе им биде дадено време колку што им е потребно за да ги исправат недостатоците.

„Тие нема секако да работат во тој период, туку тој период ќе го искористат за да ги отстранат недостатоците. Затоа што, ова не може да се претвори во преки суд затоа што, нешто што е три децении и повеќе погрешно направено ние за 9 месеци се обидуваме да го канализираме и да го ставиме во ред“, вели Христијан Мицкоски.

Во досегашните извршени инспекциски проверки на локалите беше утврдено дека голем дел од нив не ги исполнуваат безбедносните и критериумите за работа.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Франс прес“ за протестите во Србија и Македонија: Младите на Балканот се бунат против корупцијата

Следно

УНИЦЕФ предупреди на гладот во Јемен, земјата е „на раб на катастрофа“

Latest from Blog

Најмалку десет мртви, повеќе од 20 повредени во експлозија во џамија во Нигерија

Најмалку десет лица загинаа денес кога, според нигериските власти, бомбаш самоубиец активирал експлозивна направа за време на молитва во џамија во градот Мајдугури, главниот град на државата Борно во Нигерија, изјавија безбедносни

,,Доктор Филипче потпиша евтаназија на СДСМ‘‘

„Македонското законодавство познава убиство од небрижност. Познава и убиство со умисла, но не познава (само)убиство со умисла!‘‘. Оваа порака со која поранешниот градоначалник на Скопје и висок функционер на СДСМ, Петре Шилегов

Зидан се појави на КАФ за да навива за својот син кој брани за Алжир

Легендарниот француски фудбалер, Зинедин Зидан, беше присутен на трибините на стадионот „Мулај Ел Хасан“ во Рабат на натпреварот меѓу Алжир и Судан на Купот на африканските нации. Причината е тоа што неговиот

Песков: Преговорите за Украина треба да се водат зад затворени врати

Руската страна сè уште верува дека преговорите за решение на конфликтот во Украина треба да се водат зад затворени врати, изјави портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков. Во својата изјава за РБЦ,
Go toTop