Се проширија монтирани фотографии од визи на Заев и Филипче

May 14, 2025
2 mins read

Двете фотографии од визите се изменети со помош на алатки за графички дизајн и не се од визи на Заев и Филипче. И двајцата за Вистиномер потврдија дека документите кои се споделени како наводни нивни визи за Дубаи се неверодостојни и претставуваат фотомонтажа, пишува Вистиномер.

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделуваат две фотографии од наводните визи во Дубаи и се тврди дека им припаѓаат на сегашниот претседател на СДСМ, Венко Филипче и на поранешниот претседател на СДСМ, Зоран Заев.

Венко демантира поседување на виза, Филипче признава дека бојата на визата е златна, Венко го негира Филипче, а имале и двајцата со Заев.

Двете фотографии од визите се изменети со помош на алатки за графички дизајн и не се од визи на Заев и Филипче. Инаку, претседателот на СДСМ Венко Филипче во интервју за „Политиканти“ изјави дека поседува виза во Дубаи без да потенцира дали е „златна“ објаснувајќи дека ја добил поради преговори за работа во некоја болница во Дубаи, уште пред да стане пратеник.

Станува збор за виза за којашто апсолутно јас бев… обвинуван дека таму имам недвижнини или милионски сметки и тоа го демантирав. Апсолутно не е ни едното ни другото вистина со таа виза којашто ја поседувам во Дубаи. Не е никако поврзана со инвестиции во никаква форма. Пред периодот кога се кандидирав за претседател на партијата и пратеник бев во преговори со една болница таму за работа. И добро напредуваа преговорите дури и заврши една форма на валидација на документите и тој процес сега е ставен на стенд бај, рече Филипче во „Политиканти“.

Наредниот ден на социјалните мрежи се појавија две фотографии кои се наоѓаат и во објавата што ја рецензираме, а кои се наводно фотографии од „визите на Филипче и Заев“. Меѓутоа, кога ќе се постават двете фотографии во алатката којашто прoверува текст од фотографија, се доаѓа до сознанието дека всушност имињата што се испишани на арапски јазик на наводните визи, се на други луѓе, а не на Заев и на Филипче. Така, на документот на кој се тврди дека е од „визата“ на Заев, всушност од десната страна стои името „Малком Едвин Џозеф Ентони“. До него на арапски е испишано државјанство – „американско“.

Кога во алатката „јандекс“ ја поставивме фотографијата за која се тврди дека е визата на Филипче, добивме сличен резултат – поинакво име во арапскиот дел од текстот. Односно, пишува дека визата е на име „Авраам Малколм Едвин Џозеф Ентони“ со државјанство на Соединетите Американски Држави.

Дополнително, секогаш кога граѓанин се фотографира за да добие виза во која било држава, тој мора да се фотографира за таа цел и со таа намена, меѓутоа, фотографиите искористени во објавата претставуваат фотографии од Заев и Филипче кои се земени од интернет, што потврдува дека фотографиите не претставуваат веродостојни записи од нивни визи за Дубаи, туку фотомонтажи.

Дополнително идентификацискиот број на визите за Дубаи има 15 цифри. На фотографијата со „визата“ на Заев има само 14 а на онаа од Филипче 13 цифри што потврдува дека се работи за невистина.

И Заев и Филипче за Вистиномер потврдија дека двата документа коишто се споделени како наводни нивни визи за Дубаи се неверодостојни и претставуваат фотомонтажа.

Фотографијата не е веродостојна. Не е воопшто точно. Се гледа дека некој тоа го има електронски креирано, ни рече Заев.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како објава со изменета содржина (altered content).

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Честитки за победата до Рама од Лајен, шефови на држави и влади

Следно

Тихомир Јанчовски ја објави стихозбирката „Пеколот е мало место“

Latest from Blog

Косово забрани хиџаб во училиштата

Судот ја отфрли тужбата поднесена од Мрежата за професионален развој на жените „Арита“ против одлуката, објавува Klix.ba. Судот ја потврди надлежноста на Министерството Организацијата „Арита“ тврдеше дека забраната за носење хиџаб во

Тројца мртви, осум исчезнати во лавина во Непал

Тројца алпинисти, меѓу кои и еден странски државјанин, загинаа, а осум други се водат како исчезнати откако лавина погоди експедиција на хималајски врв во Непал, соопшти полицијата во понеделник. Петмина странци се

Битола трчаше во чест на слободата – Тони Коњановски: Со спорт и заедништво го одбележавме 4 Ноември, Денот на ослободувањето

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, вечерва присуствуваше на 67-та традиционална ноќна атлетска трка, која секоја година се одржува во чест на 4 Ноември – Денот на ослободувањето на градот. „Повеќе од шест

Супермесечината в среда ќе биде најблиската и најсветлата во 2025 година

Љубителите на небесни феномени ги очекува уживање оваа недела. В среда ќе видиме супермесечина, позната и како „Месечината на дабарот“, која ќе биде најблиската и најсветлата полна месечина во 2025 година. Месечината
Go toTop