Се продава „Соравиа“ со која оперира Дрин Ахмети, внукот на лидерот на ДУИ, за над 22,4 милиони евра

April 2, 2025
1 min read

Скопскиот извршител Андреја Буневски распиша оглас за продажба на деловниот центар „Соравиа“ со кој оперира внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети, објави Телма.

Почетната цена за објектот е околу 22.406.000 евра. Извршителот наведува дека објектот се продава поради долг од околу 930.000 евра кон бугарската Прва инвестициска банка.

Неделникот Фокус кој објави делови од заклучокот за лицитацијата на „Соравиа“ наведува дека ова не е единствен долг на „Соравиа инвест“ кон истата банка која во 2020-тата издаде кредит на компанијата, а има и други пристигнати побарувања кон доверители.

Огласот е објавен на 24 март, а лицитацијата ќе се одржи на 24 април во канцеларијата на извршителот Буневски.

„Соравиа инвест“ на почетокот на март го избришала и бугарскиот управител Валери Русев од централниот регистар, па сега единствен управител е Егзона Ризмани. Фирмата од декември лани е во сопственост на австриска компанија поврзана со Хано Соравија кој беше поранешен сопственик по чие презиме објектот го доби името. Дрин Ахмети сега воопшто не фигурира како сопственик или управител.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шефот на турската дипломатија Фидан во Париз се сретна со францускиот колега Баро

Следно

Фудбалските легенди на Македонија и Бугарија со меч за Кочани

Latest from Blog

Уметноста на живеењето како заедничка вредност: Diners Club и Драмски театар во нова ера на соработка

Во срцето на секоја заедница стојат приказните кои не обликуваат, а во Скопје, тие приказни веќе осум децении се раскажуваат на сцената на Драмски театар. Токму во годината на овој значаен јубилеј

Повеќе ред и хигиена на гробиштата во Прилеп

Екипите на ЈКП Комуналец Прилеп поставија дополнителен број корпи за отпадоци на Старите и Новите градски гробишта во Прилеп, со цел подобрување на хигиената и одржувањето на просторот. Од претпријатието информираат дека

Божиновска: Модернизацијата на енергетиката продолжува со нови проекти

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за транспорт Александар Николоски, присуствуваше на свеченото отворање на новата 100/35 киловолтна трафостаница „Централна“ во Скопје,
Go toTop