„Историјата ја пишуваат победниците. Генерално да, освен кога вашите непријатели се живи и имаат доволно време да ја едитираат Википедија.“
Илон Маск
Кетрин Мар има спектакуларно звучно CV во кое има референци на УНИЦЕФ, Светскиот економски форум, Атлантскиот совет, Стејт Департментот, Стенфорд…
Но истовремено има и „багаж“ од 29.400 свои твитови. Педантниот Кристофер Руфо седнал, ги прегледал и минал низ сите користени терминолошки зицери како што се нон-бајнери, БЛМ, структурни привилегии, цис машки привилегии за мобилност, транзитни правди и слично. За да заклучи:
На секоја тема, Мар го употребува модерниот јазик на левичарската академска теорија и го користи како социјална валута, дури и кога нејзините напори се претвораат во авто-пародија. Таа никогаш не објаснува, никогаш не дава ново толкување – таа само ги повторува фразите, во потрага по потврда и – кога е вистинското време – промоција. Таа ја разбира играта: американските елитни институции ја наградуваат лојалноста кон наративот. Оние кои ги повторуваат зборовите се движат нагоре; оние кои не го прават тоа, излегуваат од игра.
Има и други корисни извори за нејзиниот профил:
Во еден клип, жената која ја водеше Викимедија, тврди дека Википедија е сериозно погрешна бидејќи имало премногу бели мажи меѓу уредниците. За неа, авторитетните платформи како Википедија имаат институционална обврска да го контролираат производството на знаење и да ги одредуваат границите.
Во друго видео таа ја опишува заштитата на слободата на говорот во првиот амандман како „предизвик број еден“ во нејзината борба против „дезинформациите“. Во трет клип, тврди дека огромниот размер на управување со интернетот радикално ги довел во прашање претходните претпоставки за „правата“.
После ова раскринкување, Руфо седна да промуабети со Лари Сангер кој во 2001-ва ја ко-основа Википедија, и памти како ветувачки тогаш изгледаше интернетот, со голема надеж дека ќе се одржи „слободен и отворен“ интернет, во кој информациите и креативноста ќе царува.
Кристофер Руфо: Што мислите додека ги гледате овие изјави на поранешната извршна директорка на Википедија, Кетрин Мар, која сега е извршен директор на НПР?
Лари Сангер: Следам. Некако ме шокираше. Пристрасноста на Википедија, фактот дека одредени гледишта се систематски премолчувани, не е ништо ново. Јас сам пишував за тоа. Но, не знаев колку радикално звучи Кетрин Махер. Поранешниот извршен директор на Википедија да каже дека е некако грешка што Википедија е „слободна и отворена“, дека тоа доведе до лоши последици – ми падна вилицата. Не сум изненаден што таа го мисли тоа, изненаден сум што отворено го кажува.
Руфо: Во друг клип, таа експлицитно вели дека соработувала со властите за да ги потисне „дезинформациите“ на Википедија.
Сангер: Да, но како го прави тоа во системот на Википедија? Затоа што и јас самиот не го разбирам тоа. Знаеме дека има многу позадински комуникации и веројатно Владата, веројатно ЦИА имаат акаунти што тие ги контролираат, преку кои го вршат своето влијание.
Фантастично е, на лош начин, што таа излегува против системот затоа што бил „слободен и отворен“. Кога вика дека соработувала со владата за да го замолчи она што тие го сметаат за „дезинформации“, тоа, само по себе, значи дека таа повеќе не е слободна и отворена. Но, работата е што Фондацијата Викимедија системски нема авторитет во системот на Википедија. Значи, ако Големата Фармација или нивните владини претставници сакаат да замолчат незгодно истражување на биохемичар за ковидот, сакам да знам како се случува тоа. И мислам дека другите луѓе кои работат на Википедија, сакаме да знаеме како се случува тоа.
Руфо: Разговарав со некои новинари кои покриваат „дезинформации“ кои забележаа дека Кетрин Мар има врски со повеќе НВО-а кои се длабоко поврзани со разузнавачките служби на САД. Дали се сомневате дека таа соработувала со американското разузнавање за да ги обликува записите на Википедија?
Сангер: Да, се сомневам. Знаеме дека Вирџил Грифит истражуваше како различни агенции и корпорации ја користат Википедија за да ја менаџираат својата репутација. Зошто би го запреле тоа? Ќе го кажам ова: срамота е, искрено, што наводниот слободен и отворен ресурс, изграден од јавноста, изграден да дава неутрално претставување на ставовите за секоја тема, не само што е преземен од денешната левица, туку беше кооптиран од владата и работи со неа – тоа не е нешто што би замислил да се случи пред 20 години.
За бељата која истата Кетрин Мар ја направила во некогаш угледниот медиум НПР веќе проговори еден тамошен долгогодишен уредник за што пренесовме во статијата
Како еден наш омилен медиум ни стана бљак
Олд скул либералот Бил Мар малку ги раздрма Демократите кои ја минимизираат приказната со НПР, не сметајќи ја за важна.
„За нив (Републиканците), НПР е показна вежба како изгледа кога Демократи владеат.“
ИЗВОР: off.net.mk