Се празнува Курбан Бајрам – честитки до граѓаните од државниот врв

June 6, 2025
2 mins read

По повод големиот муслимански празник Курбан Бајрам, претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, упати честитка до верниците од исламска вероисповед, посебно обраќајќи му се на поглаварот на Исламската верска заедница, Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаи.

„Дозволете ми Вам, лично, и на членовите на Ријасетот, муфтиите, имамите и на сите верници од исламска вероисповед во државава, да Ви упатам срдечни честитки по повод големиот муслимански празник – Курбан Бајрам и од сѐ срце да Ви посакам празничните денови да ги поминете во добро здравје, исполнети со среќа, радост и љубов,“ се наведува во честитката.

Претседателката потенцираше дека Курбан Бајрам, како празник на дарувањето и помагањето, ја истакнува хуманоста и благородноста на човекот, охрабрувајќи ги граѓаните да се грижат за сите членови на заедницата. Таа потсети дека македонското општество се одликува со солидарност, сплотеност, почит и грижа – вредности што треба да се зачуваат и унапредуваат.

„Живееме во сложени и динамични времиња со тектонски политички и економски промени на глобално ниво, коишто бараат мудрост, заедништво и силна волја и истрајност,“ порача Сиљановска-Давкова, повикувајќи на меѓусебна поддршка и залагање за општата благосостојба и просперитетот на државата.

На крајот, упати искрени желби за мирен и благословен празник: „Честит Курбан Бајрам.“

Честитка упати и претседателот на Собранието, Африм Гаши.

„Во мое лично име и во името на Собранието на Република Северна Македонија, Ви упатувам искрени честитки по повод големиот празник Курбан Бајрам.

Овој светол ден на жртвувањето нè потсетува на важноста на верата, добрината и грижата за ближниот. Нека празничните денови внесат духовен мир, здравје и изобилство во Вашите домови, а солидарноста и милосрдието што ја одликуваат бајрамската традиција послужат како поттик за уште поголема меѓусебна почит и заедништво во нашето мултикултурно општество.

Убеден сум дека, со заедничка посветеност, сите ќе продолжиме да го јакнеме соживотот, толеранцијата и хуманоста во нашата држава. Собранието останува цврсто посветен партнер во унапредувањето на слободата на вероисповед и во градењето општество на еднакви можности за сите.

Нека Курбан Бајрам Ви донесе радост, благосостојба и благослов во секое семејство“, вели Гаши.

Премиерот Христијан Мицкоски, по повод муслиманскиот празник Курбан Бајрам, упати честитка до поглаварот на Исламска Верска Заедница во Република Северна Македонија, Реис Ул Улема Шакир ефенди Фетаху и до сите верници од исламска вероисповед.

 – Празникот Курбан Бајрам не потсетува на вистинските вредности и принципи во животот, а тоа е да правиме добри дела, да помагаме и да сме хумани бидејќи хуманоста и солидарноста се најголемите човечки особини.  Исламската заедница и сите нејзини верници се дел од оваа држава, затоа потребно е да си подадеме рака и да ги почитуваме различностите, бидејќи само така ќе изградиме држава на среќни и задоволни граѓани, пишува во честитката.

Нашата заложба, како што посочува премиерот, е државата да ја градиме во меѓусебно разбирање, почитување, доверба и толеранција, а тоа ќе го постигнеме само доколку сме обединети заедно.

-Како Влада за краток период успеавме да ја трансформираме државата, преку дијалог и соработка да реализираме проекти од кои најголеми придобивки ќе имаат сите граѓани без разлика на нивната етничка или верска припадност. Но, потребни се крупни чекори за остварување на заедничките цели и затоа нека борбата за подобра иднина, надеж и поквалитетен живот бидат нашата заедничка водилка за успешна и победничка Македонија, држава дом за секој граѓанин и Македонија држава на промените, пишува во честитката премиерот Мицкоски. 

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Прилеп свечено ќе биде отворен 59. театарски фестивал „Војдан Чернодрински“

Следно

Извршена првата молитва за Курбан Бајрам во Сирија по падот на режимот на Баас

Latest from Blog

Стармер под притисок да поднесе оставка поради назначувањето на пријател на Епстин за амбасадор во САД

Владата на Стармер се наоѓа под притисок поради справувањето со скандалот со Манделсон. Владата беше на работ на пораз во долниот дом сè до амандманот на средината од дебатата, со кој се

Ќе се обележат околу 150 „црни“ точки на скопските улици, најави Ѓорѓиевски

Околу 150 „црни“ точки ќе бидат обезбедени за поголема безбедност во сообраќајот на улиците, најави скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање. Тој беше прашан во врска со

Берзата денес во рамнотежа: Ограничени ценовни движења и стабилен пазарен тренд

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.  На берзанската сесија од 5 февруари 2026 година, индексот МБИ10 остана непроменет на 10.162,78 поени, додека ОМБ исто

Берзата денес во рамнотежа: Ограничени ценовни движења и стабилен пазарен тренд

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.  На берзанската сесија од 5 февруари 2026 година, индексот МБИ10 остана непроменет на 10.162,78 поени, додека ОМБ исто

Проданоски оствари средба со Генералната конзулка на Република Грција

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, оствари средба со Генералната конзулка на Република Грција, г-ѓа Деспина Ипиоти, посветена на можностите за продлабочување на соработката во повеќе области од заеднички интерес, со посебен
Go toTop