Се кројат лозјата во Тиквешко

January 5, 2025
1 min read

Се кројат лозјата во Тиквешко, лозарите кројат и пред верскиот празник „Свети Трифун“, што е во февруари месец и се смета за заштитник на производителите на грозје, со резидба порано започнаа оние кои имаат поголеми плантажи со винови лози, па не можат да чекаат, оти ако чекаат, нема навреме да ја завршат оваа операција. Ова денеска го изјави за МИА, Дане Јошев, претседател на регионалното здружение „Тиквешки лозароовоштари“.

– Мораме да ги кроиме лозјата, не можеме да го чекаме верскиот празник, кога на симболичен начин, традиционално, се стартува со оваа операција со што започнува новата лозарска сезона. Не можеме да чекаме поради тоа што имаме големи површини под лозов насад, па ако го чекаме празникот за да сториме сефте во лозјата, нема да стигнеме навреме да ги завршиме сите работи поврзани со резидбата на лозовите прачки, појасни Јошев.

Притоа, додаде дека голем дел од лозјата во најголемиот лозаровинарски регион во државата, Тиквешкиот, се искроени во изминатиот период, се кроело и денеска, се искористиле поволните временски услови.

– За „Бадник“ и божиќните празници ќе паузираме, па повторно ќе продолжиме со оваа операција што ја најавува новата гроздоберска сезона, рече тој.

Јошев истакна дека ќе го слават „Свети Трифун“, но, дотогаш ќе го искористат времето за да ги поднамалат работите во нивните ниви. Тој додаде дека оние помалите производители на грозје, сепак ќе го почекаат празникот и до крај ќе ја испочитуваат традицијата во највинската област на државата.

– Лозаропроизводителите кои имаат поголеми парцели со винови лози мораат да побрзаат со кроењето и поради една друга причина, што станува сѐ поактуелна во регионот. Имено, голем број од аргатите кои во минатото можеа да бидат ангажирани околу резидбата и изнесувањето на искроените лозови прачки од лозјата, се вработија во германската фабрика во Кавадарци и тешко може да се дојде и до слободна аргатска рака. Се менуваат работите на пазарот на трудот во Тиквешко, па сега или не можете да најдете добар аргат, или се соочувате со зголемени цени за услугите за аргатска работа, коментираат производители на грозје.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Скопје трет најзагаден град во Европа, по Сараево и Приштина

Следно

Палестинец убиен при израелска рација во окупираниот Западен Брег

Latest from Blog

Wolt слави една година во Скопјe, поддржувајќи ја секојдневната удобност и растот на локалните бизниси

Во Скопјe, корисниците нарачуваат во текот на целиот ден, а покрај од рестораните, корисниците преку Wolt нарачуваат и намирници, производи за здравје и убавина, производи за домашни миленици, цвеќиња и електронска опрема.

ВМРО-ДПМНЕ: Ристоска ја прикажува оставката како жртва, но станува збор за личен политички потег

Со внимание ја проследивме оставката на Ленче Ристоска, која до пред само еден месец самоуверено тврдеше дека дошло времето токму таа да застане на чело на обвинителството и да ја донесе толку

Омерагиќ: Репрезентацијата е гордост што не смее да зависи од еден резултат

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, упати порака за единство и поддршка кон македонската репрезентација, истакнувајќи дека тимот претставува многу повеќе од резултат. „Едно поглавје останува зад нас, сега сме

Две последователни седници во Прилеп: Советниците со фокус на буџетот и комуналните претпријатија

Советниците на Советот на Општина Прилеп одржаа две последователни седници. На 12-тата седница советниците поставуваа советнички прашања, поврзани со инфраструктурното и комуналното уредување на градот, како и со економско-финансиското работење на Општината
Go toTop