Се истражуваат причините за пожарот во куќата во Крива Паланка во кој починаа сопружници

January 12, 2025
1 min read

Сѐ уште трае постапката за испитување на причините за пожарот во Крива Паланка во кој животот го загубија двајца сопружници на возраст од 87 и 85 години.

Од Јавното обвинителство информираат дека ОЈО Куманово е известено и дава наредби и насоки за испитување на причините за пожарот.

-Испратено е и вешто лице на лице место со цел да ја провери состојбата на електричните инсталации во куќата. Се разговара со лица и наредена е обдукција на телата на починатите. До овој момент нема индиции за намерно предизвикување, информираат од ЈОРСМ.

Според информациите од Секторот за внатрешни работи Куманово, денеска во девет часот во ОВР Крива Паланка е пријавено дека во куќа на ул.„Херој Карпош“ во Крива Паланка, сопственост на 87- годишниот К.Ф. и 85 – годишната настанал пожар.

Пожарот е изгаснат од Територијалната противпожарна единица Крива Паланка, а К.Ф. и П.Ф. се пронајдени починати.

Од ТППЕ Крива Паланка информираат дека дојавата за пожарот ја примиле околу девет часот, од страна на внук на лицата кој живеел во соседната куќа.

-На пожарот интервениравме со две возила и девет пожарникари, бидејќи се работеше за интервенција во тешки услови, со густ чад и пожар во распламтена фаза. Известени беа екипи на МВР и Итна медицинска помош, а лекарите само констатираа смрт. Комплетно опожарен е еден спрат од куќа, дневна и кујна, а најверојатно пожарот настанал неколку часа пред да биде пријавен, можно е да настанал и во текот на ноќта, информираат од ТППЕ, Крива Паланка.

Оттаму посочуваат дека од почетокот на годината за 12 дена имале осум интервенции, од кои една техничка интервенција, една за опожарено патничко моторно возило, како и повеќе објекти на отворено.

Упатија апел за навремено одржување и чистење на оџаците и внимателно користење на грејни тела во текот на грејната сезона.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Студентски протести во Белград, Ниш и Нови Сад

Следно

СДСМ: Инфлацијата расте и го јаде стандардот на граѓаните

Latest from Blog

„Одисеја“ го надмина „Опенхајмер“- новиот филм на Нолан урива рекорди уште со трејлерот (ВИДЕО)

Оваа бројка не само што го покажува огромниот интерес на публиката, туку поставува и нови стандарди во промоцијата на филмските наслови. Успех што го засени Опенхајмер Интересно е што трејлерот за „Одисеја“

Божиќната фотографија на Меланија и Доналд Трамп предизвика дебата на мрежите: Честитката е „студена“

Претседателот на САД и првата дама стојат држејќи се за раце во Белата куќа, зад нив прекрасна елка и украси што светкаат. И двајцата се врамени со американското и претседателското знаме. Сè

Најмалку десет мртви, повеќе од 20 повредени во експлозија во џамија во Нигерија

Најмалку десет лица загинаа денес кога, според нигериските власти, бомбаш самоубиец активирал експлозивна направа за време на молитва во џамија во градот Мајдугури, главниот град на државата Борно во Нигерија, изјавија безбедносни
Go toTop