Сè е добро во мојот свет!

January 10, 2024
1 min read

Наде Молеровиќ долгогодишен просветен работник, директорка во две основни училишта која и никогаш не престанала да биде учител.

Молеровиќ вели „Отсекогаш ми било многу поважно какви луѓе ќе станат моите ученици отколку какви оценки ќе добијат на тестовите“.

Со оглед на нејзиното големо искуство во просветната дејност со неа во „Зошто“ зборуваме за образованието, за младите, за тоа каква младина создава денешното општество, за реформите во образовниот сектор и улогата на технологијата, модерните помагала односно клучната разлика меѓу образованието пред 30 – тина години и денеска.

Главна забелешка за реформите е избрзувањето на моделите кои се воведуваат, без претходно тестирање „Зошто не се одберат неколку училишта па прво да се види како функционира Кембриџ на пример, па ако е добро тоа да се воведе на ниво на цела држава. Или пак, вели Молеровиќ, „најпрвин треба да се подготват наставниците и професорите да бидат едуцирани за системот кој им е даден како задача да го применат“.

Тоа е една од причините и за се понегативните оценки за нивото на образование на македонските деца од ПИСА – а зошто? Затоа што вели Молеровиќ, иако одамна нашите ученици се тестирани за ПИСА тестовите, не е направена анализа за тоа што треба да се направи, поправи да биде подобро!

Поткаст „Зошто“ со Зоран Ќука и соговорничката Наде Молеровиќ

Поткаст „Зошто“ со Зоран Ќука и соговорничката Наде Молеровиќ

Со Наде Молеровиќ во Зошто разговараме и за недостигот на педагошката компонента и улогата на семејството, за промоцијата на ликови, приказни, идеологии, вулгарности кои имаат штетни ефекти врз благосостојбата на поединците, младите и целокупното морално ткиво на заедницата на социјалните мрежи.

Слушајте не, следете те го поткастот Зошто на Слободна Европа и на Спотифај, Јутјуб, Ејпл и Гугл поткаст. Кликнете на Зошто и давајте ни идеи и теми кои сакате да ги слушате, а ние ќе прашуваме преку нашите социјалните мрежи.

Извор: Радио Слободна Европа

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Предлог законот за употреба на македонскиот јазик пред матичната собраниска комисија

Следно

Двајца загинати во несреќа со чамец со мигранти во близина на грчки остров

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop