Се чувствуваме многу беспомошно, сведочи за Би-би-си лекар во најголемата болница во Газа

October 15, 2023
3 mins read

Според него, околу 60 отсто од жртвите кои доаѓаат во болницата се жени, деца и постари лица. Болницата, посочува тој, е без медицински материјал, а во текот на денот ќе останат и без гориво за напојување на генераторите

Израелската војска (ИДФ) денеска објави нов временски рок во кој цивилите ќе можат да го напуштат северниот дел на Газа и да се евакуираат на југот на регионот, пред најавената офанзива

Мухамед Гунеим, дваесет и осумгодишен лекар на итната помош во медицинскиот комплекс Ал-Шифа, најголемата болница во Појасот Газа, во изјава за Би-би-си ги опишува предизвиците со кои тој и неговите колеги се соочуваат од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас. 

Сцена од ситуацијата во западниот дел на градот Газа по ракетен напад од страна на Израел / Фото: EPA-EFE/MOHAMMED SABER

Тој вели дека, како и речиси целиот персонал таму, не можел да замине дома од почетокот на бомбардирањата од страна на Израел, како одговор на ненадејниот и брутален напад на групата Хамас на израелска територија во кој беа убиени 1 300 луѓе, што предизвика нова војна на Блискиот Исток.  

 „Целиот персонал треба да си оди дома за да ги види своите семејства, но не можат поради бројот на луѓе кои доаѓаат и на кои им е потребна помош. Тие ја проверуваат секоја амбуланта за да видат дали има некој од нивното соседство“,

вели Гунеим за британскиот јавен сервис. 

Според него, околу 60 отсто од жртвите кои доаѓаат во болницата се жени, деца и постари лица. Болницата, посочува тој, е без медицински материјал, а во текот на денот ќе останат и без гориво за напојување на генераторите.  

„Тоа значи дека нема операции, нема кислород за пациентите. Се чувствуваме толку беспомошни, како да не можеме да направиме ништо“,  

вели докторот.

Доктор Мухамед Гунеим / Фото: Би-би-си

Д-р Гунеим, кој студирал медицина во Абердин, Шкотска, но цел живот живее во Газа, вели дека нема интерес да замине.

 „Не ни треба пат за да ја напуштиме Газа. Ни треба само хуманитарен пат за поддршка на Газа со медицински материјали и хуманитарна помош. Го повикувам секој човек во светот – да протестира на улица и да побара од вашата влада да помогне да се запре оваа агресија“,

вели тој за Би-би-си. 

Вчера во повеќе градови во Велика Британија се одржаа протести за солидарност со Плаестина и запирање на насилствата.   

Според Палестинското министерство за здравство, повеќе од 2 000 Палестинци се убиени, а над 8 700 се повредени откако израелската војска почна со одмазнички воздушни напади врз Газа, по нападот на Хамас на територијата на Израел на 7 октомври.

Израелската војска даде нов рок за евакуација на Палестинците од север кон југот на Газа

Инаку, израелската војска (ИДФ) денеска објави нов временски рок во кој цивилите ќе можат да го напуштат северниот дел на Газа и да се евакуираат на југот на регионот, пред најавената офанзива.

Израелската војска им даде дополнителни неколку часа на жителите од северот на Газа да се евакуираат по препорачана рута, откако претходниот рок истече вчера.  

Директивата за евакуација опфаќа околу 1,1 милион жители или речиси половина од населението на територијата на Газа. Израелската војска соопшти дека „стотици илјади“ Палестинци досега се упатиле кон југ, истовремено обвинувајќи ги милитантите на Хамас дека ги спречуваат луѓето кои сакаат да заминат.

Обединетите нации ги критикуваа наредбите за евакуација и предупредија на хуманитарна катастрофа. 

Светската здравствена организација (СЗО) ја осуди наредбата на Израел за евакуација на 22 болници во северниот дел на Газа, во кои се лекуваат повеќе од 2 000 пациенти. Организацијата соопшти дека евакуацијата „може да биде еднаква на смртна казна“ за пациентите, меѓу кои има и новороденчиња во инкубатори и луѓе на интензивна нега.  

Потсекретарот на ОН за хуманитарни прашања и координатор за итна помош, Мартин Грифитс, предупреди дека хуманитарната ситуација во Газа „брзо станува неодржлива“.

Нетанјаху: Ќе го уништиме Хамас

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска за првпат ја свика вонредната влада, посочувајќи дека националното единство покажано во последните денови испратило порака дома и во странство.

Изралескиот премиер, Бенјамин Нетанјаху / Фото: Архива

Состанокот се одржа во штабот на армијата во Тел Авив, а започна со едноминутно молчење за 1 300 Израелци кои беа убиени од милитантната група Хамас на 7 октомври.

Поздравувајќи го опозицискиот пратеник Бени Ганц, кој ѝ се приклучи на владата заедно со неколку членови на партијата, Нетанјаху рече дека сите министри работат „деноноќно на заеднички фронт“.

„Хамас мислеше дека ќе не уништат. Ние сме тие кои ќе го уништиме Хамас“,

рече Нетанјаху, додавајќи дека демонстрацијата на единство испраќа порака „до нацијата, непријателот и светот“.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

„Хигиена“ во Тетово со јавно-приватно партнерство, граѓаните ја обвинуваат општината, но и себе за нечистотијата

Следно

Маричиќ: Блиску сме до целта, ЕУ работи на реално забрзување на пристапниот процес

Latest from Blog

Аморим: Не ми е јасно како ги примаме овие голови

фото: Printscreen Менаџерот на Манчестер Ј., Рубен Аморим изјави дека е незадоволен од дефанзивната игра на неговиот тим на денешното дерби со Манчестер Сити. „Ако ги погледнете головите, можевме да ги избегнеме.

Мицкоски со порака: Ние ќе продолжиме да работиме, да се бориме и на крај ќе победиме

Премиерот Христијан Мицкоски објави видео од настанатите пожари кои избувнаа викендов. Воедно Мицкоски упати порака: „Она што се случуваше летото и со кое успешно се справивме, ќе продолжи, затоа што некој има

Фото: Супер провокативно издание на Марго Роби, гол грб и проѕирен фустан

Добитничката на Оскар, убавата актерка Марго Роби на промоцијата блесна во проѕирен фустан од колекцијата„ Armani Prive“ пролет 2025. Ова е едно од нејзините први јавни појавувања откако стана мајка минатата есен,

Алкараз со дабл учинок: МУ ГО ЗЕМА НА СИНЕР И ЛИДЕРСТВОТО И ДЕВОЈКАТА… Битката продолжува

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз има нова девојка. Станува збор за моделот Брукс Надер кој во последно време е тема на светските медиуми – сега знаеме зошто… Други вести ја потврдуваат првата: Брукс
Go toTop