СДСМ: Целосна поддршка, СДСМ е со работниците за 1 мај и секој друг ден  

April 30, 2025
1 min read

СДСМ изразува цврста поддршка за Првомајскиот протест организиран од Сојузот на синдикатите на Македонија.

„Овој протест е гласот на работниците кои бараат повисоки плати, подобри услови за работа и заштита на своите права. Тоа е борба за достоинство и правда, борба која ја поддржуваме безрезервно.

Како партија која секогаш била со работниците, СДСМ гордо стои зад своите постигнувања како зголемување на минималната плата од 8.000 денари на над 20.000 денари, зголемување на просечната плата од 22.000 денари на над 42.000 денари, воспоставување на систем за усогласување на платите со трошоците на животот. СДСМ беше и остана единствена партија која сите политики за работниците ги носеше со нив и за нив. 

Денес, сведоци сме на влада која ги игнорира потребите на работниците. Минималната плата стагнира, просечната плата не расте, а колективните договори не се почитуваат. Вработените во јавниот сектор се дискриминирани, дури и редовните плати не се исплаќаат навремено. Ова е неприфатливо и недостојно.

СДСМ верува во социјалната правда и достоинството на трудот. Тие се постулатите на нашето делување и нашите политики. Ние сме со работниците, не само на 1 Мај, туку секој ден. Ќе продолжиме да се бориме за политики кои обезбедуваат фер плати, сигурни работни места и почитување на работничките права.

На овој 1 Мај, СДСМ стои рамо до рамо со работниците. Заедно, ќе изградиме општество каде трудот се вреднува, а правдата и достоинството се основа на нашата заедница“, велат од СДСМ.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Судот во Стразбур им укажа на српските власти дека треба да спречат употреба на звучно оружје

Следно

Украина: Ако Русија е подготвена за прекин на огнот од 60-90 дена, и ние сме подготвени

Latest from Blog

Делегација на НАТО ја посети Украина за првпат од почетокот на руската инвазија

 Делегација на НАТО предводена од врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, францускиот адмирал Пјер Вандие, ја посети Украина, што е прва таква посета по руската инвазија на земјата во февруари 2022

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти

Премиерот Христијан Мицкоски утре доаѓа во Тетово

Утре 23.03.2026 година (понеделник) претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на реконструираниот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде“, инофрмираат од владината прес-служба.
Go toTop