СДСМ: Тошковски живее во паралелен свет – Македонија никогаш не била понебезбедна

July 16, 2025
1 min read

Според нив реалноста што граѓаните ја чувствуваат е дека за една година Македонија никогаш не била понебезбедна од сега, бидејќи далеку сме од држава во која владее ред, правда и одговорност, како што сака да прикаже Тошковски.

„Целосен распад се случува на безбедносниот апарат под водство на Тошковски. Ветуваше правда и безбедност, а сведоци сме дека државата наликува на јужноамериканско гето. Секојдневно сме сведоци на насилство и убиства по улиците, пресметки на криминални групи и безредие . Нема ден а да нема убиство, тепачка, сообраќајка. Преку 25 убиства и обиди за убиства има во една година, растот на криминалитетот е страшен. Граѓаните се плашат за својот живот ако шетаат по улица, за да не се случи пукање сред бел ден. Само во Скопје, во последниве десетина месеци, на пешачки премини загинаа преку 11 луѓе. Еден човек загина под својот прозорец, во дворот, откако беше прегазен со мотор. Косовската граница стана канал за бегство на криминалци, без никакви проверки“, велат од СДСМ.

Опозициската партија го потенцира случајот со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска ѝ физичките закани пред очите на полицијата.

„Министерот Тошковски велеше „брат да ми е ќе одговара“ – вистината е дека никој не одговара. Истрагите на полицијата потфрлаат, огромен број на нерасчистени убиства. Последното во Батинци, повторно имаме убиец во бегство. За ваква ли безбедност и ред зборува Тошковски, кога граѓаните не се чувствуваат безбедни ниту надвор, ниту дома.Министерот Панче Тошковски ја изгуби контролата врз безбедноста – МВР се претвори во хаотична институција, неспособна да го заштити народот. И наместо да понесе одговорност, министерот Тошковски се обидува да ги убеди граѓаните дека се безбедни“, велат во СДСМ.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турција ги осуди израелските напади врз Дамаск

Следно

Висок американски дипломат: „Страните се согласија за чекорите со кои ќе се стави крај на ситуацијата во Сирија вечерва“

Latest from Blog

Коњановски со честитка за Кркрдаш: Да ги негуваме обичаите и заедништвото

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, упати честитка по повод празникот Св. 40 Маченици – Кркрдаш, истакнувајќи дека овој ден претставува важен дел од културното и духовното наследство на градот. „Кркрдаш е

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

„Од овој момент, ја прогласувам ракетната доминација на синовите на Иран над небото на окупираните територии“, објави командантот Сејед Маџид Мусави на социјалната мрежа Икс. Тој додаде дека „новите тактики и системи
Go toTop