СДСМ: „РЕК Битола во колапс поради наместен тендер тежок 150 милиони денари“

June 21, 2025
1 min read

Опозициската СДСМ обвини дека РЕК Битола е во оперативен застој веќе неколку дена поради „корупција од епски размери“ и наместени тендери што, како што тврди, ги склучило новото раководство поставено од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Во писменото соопштение партијата наведува дека управата на комбинатот потпишала рамковна спогодба вредна 150 милиони денари за услуги за чистење со фирма која „нема ниту еден вработен, нема техничка опрема, ниту искуство“. Според СДСМ, управителот на таа компанија, неофицијално, бил молер со криминално досие во Германија.

Пожарот и испаѓањето на блоковите од електроенергетската мрежа, што ЕСМ првично го квалификуваше како „саботажа“, опозициската партија го поврзува со тендерот. Тие посочуваат дека условите во огласот – минимум 330 ангажирани работници, тешка механизација и 24-часовна логистичка поддршка – биле „бронеточно“ дефинирани, но на крај договорот го добила фирма што не можела да исполни „ни 1 %“ од бараните критериуми.

СДСМ тврди дека, бидејќи избраниот изведувач не успеал да ангажира опрема и персонал, вработените во РЕК Битола сами ги извршуваат работите за кои државата ќе плати околу 2,5 милиони евра. Партијата прашува „кој ја потпишал рамковната спогодба, кој ја пуштил компанијата во процедура и зошто документите се кријат“ и бара ЕСМ да ја активира банкарската гаранција.

„Додека блоковите на РЕК стојат нечистени, Македонија ќе увезува скапа струја, а профит ќе остваруваат фирми блиски до премиерот Мицкоски“, се вели во соопштението.

Опозициската партија ги повика Јавното обвинителство, Државната комисија за спречување на корупција и Државниот завод за ревизија „веднаш да отворат постапка“. Од Владата и од ЕСМ засега нема реакција на обвиненијата.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Земјотрес од 4,8 степени по Рихтер во близина на грчките острови Закинтос и Кефалонија

Следно

Петмина Палестинци убиени во израелски напад врз пункт за хуманитарна помош во Газа

Latest from Blog

Страшен напад на пирани во Бразил- бебе остана без нога, повредени уште 6 лица (Вознемирувачко видео)

Во нападот се повредени седум лица, вклучувајќи и бебе на кое рибата му откинала дел од ногата, објавува „Дејли меил“. Инцидентот се случил на плажата Мирити во градот Манакапуро, во државата Амазонас,

Уапсени двајца малолетници поради вирален ТикТок тренд, родителите низ целиот свет се загрижени (ВИДЕО)

Младите корисници создаваат слики од непознат маж генерирани од вештачка интелигенција во нивните домови, а потоа се потсмеваат на своите мајки и татковци. „Ова е лудо! Што е ова?“ Во едно од

Драма во Словенија: Рафали во ромска населба во близина на Ново Место, интервенираат специјалци

Според првичните информации, засега нема повредени во инцидентот. Пукањето се случило кратко по завршувањето на вонредната седница на градскиот совет во Ново Место, на која присуствувале и претставници на словенечката влада. На
Go toTop