СДСМ побара оставки од Таравари и од Клековски: „Нивната неспособност е животно загрозувачка“

January 25, 2025
1 min read

СДСМ побара оставки од директорот на Фондот за здравство Сашо Клековски и од министерот за здравство Арбен Таравари, поради недостигот на лекови во Клиниката за Онкологија.

„Поради катастрофалниот недостиг на лекови на Онкологија се загрозени човечки животи, кои директно зависат од терапија која што власта не ја обезбедила.

Изговори или оправдувања се неприфатливи кога станува збор за човечки животи и за хаосот на Онкологија мора да има одговорност.

Директорите на Клиниката за онкологија, директорот на Фондот за здравство, Сашо Клековски и министерот за здравство, Арбен Таравари мора да поднесат оставки и да се повлечат.

Нивната неспособност е животно загрозувачка.

Воопшто не бил преземен соодветен план и не биле навремено набавени лековите, не бил направен систем, не бил направен регистар, ништо не направено а пациентите се оставени да страдаат. Дури и сега, власта сака да го решава проблемот со донации додека најавува купување на авион. Срамно, неодговорно и тажно.

Хуманитарната катастрофа на Онкологија е директен резултат на неодговорноста и неорганизираноста на актуелната власт и за тоа мора да има одговорност“, велат од СДСМ.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Српскиот режим притвора и депортира активисти на студиска посета – Реакција од 374 граѓански организации од 27 земји

Следно

Идни чувари на безбедноста на граѓаните: Промовирани 497 нови полициски службеници

Latest from Blog

Проданоски во Радио Пела: Рестарт на Прилеп преку капитални проекти, ред во сообраќајот и ФК Победа

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, во своето прво официјално гостување во студиото на Радио Пела како прв човек на општината, отворено говореше за приоритетите, тековните инфраструктурни зафати и плановите за развој

Божиновска и ММФ разговараа за стабилноста на цените на горивата и енергетската независност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари работна средба со претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), предводени од шефот на мисијата во земјава, Ник Гигинеишвили. На состанокот се

Тендерска постапка за изградба на гасовод меѓу Македонија и Србија

Номагас, акционерско друштво во државна сопственост за пренос на природен гас, наскоро ќе отвори тендер за избор на проектант и изведувач на интерконективниот гасовод меѓу Македонија и Србија. Овој проект е дел
Go toTop