СДСМ открива нов скандал во МВР: Милионски тендер за возачки испити завршил кај советник на ВМРО-ДПМНЕ

June 29, 2025
1 min read

Нов скандал во МВР е на повидок– нов случај на крајно сомнителен, коруптивен тендер којшто отвора сериозни прашања за злоупотреба на институциите  за бизнис интереси и испумпување на парите на граѓаните, откри денеска на прес-конференција, Каја Шукова, потпретседателка на СДСМ.

Шукова излезе со детали што откриваат дека МВР, под раководство на министерот Панче Тошковски, доделил милионски тендер за лиценца за организирање на возачки испити во Пелагонискиот регион на новооснована фирма „Супер Возач“.

„Зад оваа фирма стои функционер на ВМРО-ДПМНЕ и советник во советот на Општина Кичево, Филип Митрески. Преку фирмата „Стрит рајд“ којашто е сопственик на „Супер возач“. Во пракса, ова значи дека МВР доделила монопол од 5 години врз доходовен бизнис вреден милиони денари – сите полагања на возачки испити во Битола, Прилеп и Ресен ќе одат преку оваа фирма блиска до власта“, истакна на прес конференцијата Каја Шукова. 

Таа тврди дека скандалот е уште поголем, затоа што фирмата е регистрирана само три месеци пред распишувањето на тендерот за прв пат и праша: Дали однапред е договорена оваа милионска зделка?

„Како знаел дека за неколку месеци ќе се распише тендер па функционерот од ВМРО-ДПМНЕ отворил фирма токму за ова намена? Случајно? Не веруваме.  Ова е пример за корупциски и тендерски шеми на ВМРО-ДПМНЕ. Партиски тендери по мерка на власта и ништо друго“, посочи потпретседателката на СДСМ Шукова.

Од СДСМ укажаа дека ова не е прв случај, кој доаѓа после скандалозниот тендер за униформите.

„Ова е уште еден случај на сомнителен коруптивен тендер во МВР.  Основани се сомневањата дека МВР спроведува корупција во живо, наместо да се бори против криминалот и корупцијата. Ова е моделот на владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Партиски и лични бизнис интереси врз грбот на народот. Ова е огромен скандал кој мора да биде расчистен до крај и да има одговорност“, рече Шукува и ја повика Државната комисија за спречување на корупцијата да отвори предмет и да постапи, а Основното јавно обвинителство да отвори предмет по допрен глас.

Шукова предупреди дека „институциите не може да бидат неми следачи туку мора да отворат постапки согласно своите надлежности“.

„Граѓаните заслужуваат институции што работат за нив, не за бизнисите на партиски советници.  Македонија не смее да стане плен на организиран партиски грабеж кој го прави ВМРО-ДПМНЕ. Одговорност мора да има и ќе има“, наглас Шукова на прес конференцијата.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тројца пациенти повредени во пожарот во Кочани сè уште се надвор од државата, втората група на Пониква заминува од средина на јули

Следно

Конгрес на Движењето ЗНАМ: Максим Димитриевски на чело и во следните четири години

Latest from Blog

Мицкоски: Почната е постапката и обезбедено е финансирањето за 150 електрични автобуси, со конкретни чекори работиме на намалување на аерозагадувањето

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека обезбедени се средства за набавка на 150 електрични автобуси за Скопје и општините со организиран јавен превоз, со

Божиновска порача: Без силни меѓународни партнерства нема успешна енергетска транзиција

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска оствари серија билатерални средби со амбасадорите на Австрија, Украина, Литванија и Народна Република Кина, на кои се разговараше за унапредување на соработката

Божиновска оствари средби со амбасадорите на Австрија, Украина, Литванија и Кина

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска оствари серија билатерални средби со амбасадорите на Австрија, Украина, Литванија и Народна Република Кина, на кои се разговараше за унапредување на соработката

Николоски: Македонските возачи признаени како професионалци во ЕУ

Во значаен пресврт за македонскиот транспортен сектор, вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, објави дека Брисел ги прифатил ставовите на Македонија во врска со проблемите на домашните превозници. „Возачите

Конечно вистинско засилување: Супер-талентот на Црвена Звезда го одбра Вардар место Сараево

Од Вардар утрово ја најавија соработката со Дарко Велковски, македонскиот репрезентативец, но исто така најавија и ново засилување од соседна Србија. Станува збор за брзото лево крило Стефан Цветковиќ, кој во Скопје
Go toTop