СДСМ: Одбија помош за Кочани, сега држат трибини – срамна бездушност на ВМРО-ДПМНЕ!

June 6, 2025
1 min read

Какво лицемерие, каква нечовечност, каква ароганција!, коментираат од СДСМ, за трибината на ВМРО-ДПМНЕ, за Кочани.

„Кочани не е приоритет за Владата. Владата го одби Законот за помош на семејствата на жртвите и повредените од трагедијата. Буквално одби финансиски да им помогне додека родители даваат откази од работа за да се грижат за повредените деца. Пратениците на ДПМНЕ се скрија во канцелариите на Собранието да не излезат да се соочат со родителите од срам. Кукавици и лицемери. Клековски треба да се скрие од јавноста, болницата во Кочани сè уште нема ни основни медицински средства. Физикалната терапија се врши на донирани маси а тој седи во Владата на трибина и кажува како помогнале. Државата не обезбеди ниту обични креми за раните на повредените“, велат од СДСМ.

Од СДСМ потенцираат дека веќе еден месец Владата нема министер за здравство, дека додека здравството се распаѓа по секој основ, а кочанската болница се распаѓа, ВМРО-ДПМНЕ тера политики и дебати.

„Сè што има се донации од хумани луѓе. Ова е срам за цела држава. Срам за една власт што избра да ја пере својата бездушност со трибини наместо со вистинска грижа. СДСМ нема да молчи. Ќе ја бараме правдата до крај. Ќе ве потсетуваме секој ден дека зад вашите зборови нема ништо – ни сочувство, ни одговорност, ни човечност“, велат од опозициската партија.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Гоф ја победи француската сензација, Сабаленка подобра од Швјонтек

Следно

Сончево и многу топло, температурите ќе скокнат до 37 степени!

Latest from Blog

САД испраќа засилување на Блискиот Исток- пристигнуваат специјалци за воздушен десант

Пентагон веројатно ќе испрати неколку илјади војници од елитната 82-ра воздушно-десантна дивизија на Армијата на Соединетите Американски Држави на Блискиот Исток, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на два неименувани извори. Изворите не

Мицкоски на средба со германските амбасадори во регионот: Економските партнерства и европската интеграција во фокусот на разговорот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата оствари средба со германските амбасадори во регионот, на која разговарале за продлабочување на билатералната и регионалната соработка. Информацијата за состанокот ја соопшти преку објава на својот

Каранфилова Пановска: Владината мерка за горивата е фрлање песок во очите на граѓаните

Мерката и бројките што ги промовира Владата не се ништо друго освен фрлање песок во очите на граѓаните, нагласи заменичката претседателка на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска, во вечерашните вести на МРТ. Каранфилова
Go toTop