СДСМ: Никој не се плаши од Тошковски, дури ниту криминалците на улиците

August 24, 2024
1 min read

Смешни се Тошковски и Мицкоски кои велат дека министерот бил напаѓан од СДСМ заради тоа што СДСМ се плаши од него, реагираше СДСМ денеска на изјавата на Мицкоски.

„Од Тошковски не само што не се плаши СДСМ, туку не се плашат ниту криминалците по улиците. Затоа имаме секојдневни грабежи и убиства кои Тошковски не може да ги расчисти. Затоа имаме граница со Косово која е Хотел Промаја за криминалци кои се бараат со меѓународна потерница и се шетаат преку неа со поддршка на кадри поставени од Тошковски“, се истакнува во соопштението на оваа партија.

Од таму потсетуваат дека „Тошковски за шест месеци има 8 убиства и обиди за убиства од кои има разрешено само едно. За шест месеци Тошковски ја претвори државата во Див Запад, а граѓаните се плашат за својата безбедност“.

„Македонија немала полош мнистер за внатрешни работи а тоа го потврдуваат бројките и општата нарушена безбедносна состојба во државата. За прв пат од независноста, МВР и еден министер немаат никаква контрола над северната граница која е препуштена да ја управуваат и злоупотребуваат партиски кадри на коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ“, посочуваат од СДСМ.

Затоа СДСМ го обвинува Тошковски, затоа што тој и неговата неспособност се закана за безбедноста на државата. Да има малку доблест веднаш ќе си поднесе оставка, порачуваат од СДСМ.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Јаневска: Бруцошите од првиот месец ќе добиваат субвенциониран оброк и нема веќе дискриминација за стипендии за втор циклус

Следно

Николоски: Одговорност за криминалот на претходното раководство на СДСМ и ДУИ ќе има!

Latest from Blog

Пред Велигден под лупа: Агенцијата за храна со засилени контроли на јајца, месо и бои

Во пресрет на велигденските празници и традиционално зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведува засилени контроли кај операторите со храна

Коњановски: Нови современи тоалети за учениците во „Коле Канински“

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска ја посети ОУ „Коле Канински“ каде што е предвидена целосна реконструкција на постоечките тоалети, кои со децении не биле обновувани. Со овој проект се обезбедуваат современи

Нема докази за влијание: Одбиена иницијативата на Ристоска

Советот на јавните обвинители денеска едногласно ја одби иницијативата на обвинителката Ленче Ристоска, во која таа тврдеше дека е изложена на политички притисоци и надворешни влијанија поврзани со нејзината работа на предмети.
Go toTop