СДСМ: Мицкоски на „висока нога“, има пари за изнајмување на авион за лет до Унгарија, ама нема пари за 500 евра минимална плата?

March 5, 2025
1 min read

Социјалдемократите со обвинувања кон Владата на Христијан Мицкоски за посетата на Унгарија. Според нив Мицкоски ја прокоцка и последна шанса да покаже минимум почит кон граѓаните и трудот на работниците кои живеат многу тешко и едвај врзуваат крај со кај. 

„Денеска и дефинитивно Мицкоски потврди дека е против зголемивање на минималната платаза работниците и дека власта на ДПМНЕ нема да преземе ништо за да се покачат платите. Додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај, додека илјадници работници живеат во сиромаштија, владата на ДПМНЕ има пари за авиони и привилегии за функционерите, но не и за зголемување на минималната плата.Денеска, Мицкоски дефинитивно потврди дека е против раст на платите и против достоинствен живот на работниците. Со тоа, уште еднаш покажа дека ДПМНЕ нема никаква намера да ги поддржи работниците, туку исклучиво да се грижи за елитата“, велат во СДСМ.

Од таму прашуваат „Како тоа има пари за авиони за владата а нема пари за 500 евра минимална плата, но и како е можно од најголемиот буџет во историјата од 6 милијарди евра да нема пари за поголеми плати на работниците? 

„Додека економската состојба во државата драстично се влошува и животниот стандард паѓа, Мицкоски останува рамнодушен и мува не го лази. Растот на минималната плата не е само економска неопходност, туку морална обврска!  Покачувањето на платите е единствениот начин да се спречи понатамошното осиромашување на граѓаните и да се овозможи економски напредок“, велат во СДСМ.

Во партијата посочуваат дека СДСМ стои на страна на граѓаните и на работниците и затоа ќе поднесат закон за зголемување на платите и минималната плата на 500 евра.

„Работниците заслужуваат достоинствена плата и сигурна иднина“, велат во СДСМ.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Средби на министерот Муцунски со амбасадорите на Шведска и Чешка

Следно

Сиљановска-Давкова на средба со претставници на Државен Архив – и се пожалија за проблеми со локацијата и условите за работа

Latest from Blog

Андоновски: Со електронската архива чувањето на предмети во фиока заминува во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување

“Бомба“: ПСЖ сега нуди 350 милиони евра за Јамал, ако и тоа е малку ќе понуди и повеќе!

ФОТО: FC Barselona/X Вистинска “бомба“ од Париз. Имено медиумите во Франција лиферуваат вест која може тотално да го “измести“ светскиот фудбал. ПСЖ се подготвува повторно да го потресе фудбалскиот пазар на начин
Go toTop