СДСМ: Мицкоски го допре дното, по промоцијата на Магна, очекуваме Мицкоски да го пушти во употреба „Мој ДДВ“

April 2, 2025
1 min read

Од СДСМ продолжуваат со обвинувањата дека премиерот Христијан Мицкоски редовно пушта проекти на СДСМ. Оттаму велат дека Мицкоски не може да се помири со туѓите успеси, па затоа по втор пат неделава се кити со туѓи перја.

„Откако пред два дена ја најави, денеска се фали со пуштање во употреба на канадската компанија „Магна Мехатроникс“, претставувајќи ја како негова придобивка и како „нова странска инвестиција“. ДПМНЕ и Мицкоски треба да знаат дека информациите за оваа компанија се јавно достапни, а и граѓаните памтат. Штипјани знаат дека оваа фабрика беше најавена уште во мај 2023 година од тогашниот премиер Димитар Ковачевски и Владата на СДСМ“, велат во СДСМ.

Од таму директно му е обратија:

‘Премиере Мицкоски не ви доликува на функцијата да се фалите дека и оваа странска инвестиција е резултат на вашите политики’.

„Оваа канадска компанија е резултат на позитивните економски политики што ги водеше Владата на СДСМ и кои резултираа со подобрување на бизнис климата, отворање на нови странски инвестиции и нови работни места. Ова не е ништо друго освен потврда на неспособност и безидејноста на ВМРО-ДПМНЕ за водење економски политики и привлекување на странски иневстиции. Речиси една година Владата на Мицкоски нема донесено ниту една значајна странска инвестиција, а економијата стагнира. Единственото што ВМРО-ДПМНЕ го прави е сечење ленти на веќе реализирани проекти од претходната влада“, велат во СДСМ..

Социјалдемократите го повикаа премиерот и неговата партија, дека наместо да промовираат веќе промовирани инвестиции и да се служат со евтин ПР, ДПМНЕ и Мицкоски треба да се соочат со реалноста и да погледнат што се случува во државата. ‘Економијата ни од далеку не расте, а животниот стандард на граѓаните го допре дното’, велат во СДСМ.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Додик: Се вратив во Бања Лука преку редовен граничен премин

Следно

Трамп воведе царини за 60 држави, за Северна Македонија 33%

Latest from Blog

САД подготвуваат копнена офанзива против Иран?

 Американскиот претседател и натаму тврди дека преговорите со Техеран добро напредуваат, Иран категорично негира, а разногласијата повторно ја вивнаа цената на нафтата на 110 долари за барел, особено по информациите дека Пентагон

Димитриевски: Прагматично зголемување на минималната плата и цврста линија за ЕУ и уставните измени

Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, оцени дека минималната плата треба да се зголеми, но тоа да се направи врз основа на договор меѓу работодавачите и синдикатите, водејќи сметка

МБИ10 со пад од 0,16% – Комерцијална банка и Алкалоид најтргувани на денешната сесија –

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 27 март 2026 година, индексот МБИ10 забележа пад од 0,16% и заврши на 9.932,53

Ливерпул продолжува да се потпира на Арне Слот

фото: Liverpool France (X) Добро познатиот новинар Дејвид Орнштајн коментираше за иднината на менаџерот на Ливерпул, Арне Слот. „Сите наши информации, и покрај некои спротивни извештаи, се дека Ливерпул се потпира на
Go toTop