СДСМ: Мицкоски да ја разреши Кочоска за навредите и да престане да ја штити

March 1, 2025
1 min read

„Навредите и дискриминацијата на Гордана Кочоска кон пратеничката Петровска и кон сите жени не смеат да бидат затворена тема.

Кога министерка јавно ќе изјави дека жена која од одредени причини не можела да има деца нема право да зборува за семејството, тоа не е само навреда. Тоа е понижување“, велат од СДСМ.

„Тоа е ароганција. Тоа е дискриминација. Тоа е нечовечност. И наместо да се извини, да ја признае својата грешка и да поднесе оставка, Кочоска продолжи со напади, обвинувајќи дека некој „глумел жртва“. Со ова однесување, Кочоска покажа дека нема ниту грам морал, ниту грам совест.

ДПМНЕ и Кочоска докажаа дека не ги разбираат вредностите на современото демократско и слободно општество и не ја чувствуваат болката што ја предизвикува ваквиот однос. Ова не е само навреда – ова е удар врз секоја жена, врз секој граѓанин кој некогаш бил дискриминиран.

Министерка која навредува, дискриминира и гази врз човечкото достоинство не смее да биде дел од Владата. Бараме Мицкоски веднаш да ја разреши Кочовска. Таа има прекршено најмалку девет члена од Етичкиот кодекс на министрите. Нејзиното разрешување е чин на праведност, чин на почит кон секоја жена човек кој бил жртва на дискриминација. Сега, Мицкоски, ти си на потег.

Ќе покажеш ли храброст да ја разрешиш Кочоска? Ќе застанеш ли зад моралните вредности или ќе продолжиш да ја штитиш? Нели ветуваше дека секој функционер што ќе погреши, ќе сноси одговорност? Покажи на дело или погази си го зборот уште еднаш. Срамен е молкот и на претседателката Гордана Сиљановска. Зошто не реагира за овие навреди и дискриминации?“, прашуваат од СДСМ.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Автобус на ЈСП прегази пешак

Следно

САД одобрија продажба на воена опрема на Израел во вредност од 3 милијарди долари среде преговорите за прекин на огнот

Latest from Blog

Левандовски влезе во КЛУБОТ 500! (ФОТО)

Фото: ФЦ Барселона/Твитер Уште еден доказ дека станува збор за еден од најдобрите напаѓачи во светот во последните 15 годиини. Имено напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски, го запиша својот 500-ти натпревар во

Откажани се вкупно 20 летови: Најнови информации од Скопскиот аеродром, важна вест за патниците

Од 00:00 часот на полноќ до 20 часот, денеска 21 декември 2025 година, на Меѓународниот Аеродром Скопје, поради намалена видливост предизвикана од магла, состојбата со авиосообраќајот е следна: -Слетаа 13 авиони, од:

Џенифер Лоренс јавно го „чепна“ заводникот Леонардо Дикаприо: „Изгледаш одлично со…“

Убавата актерка Џенифер Лоренс предизвика големо внимание во јавноста поради верувањето дека суптилно јавно го критикувала својот колега Леонардо Дикаприо за неговиот љубовен живот, односно партнерките кои ги избира. Двајцата биле гости

Комерцијална банка и Македонијатурист со најголем неделен промет, МБИ10 со пад од 0,41%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 15 до 19 декември 2025 година, на Македонската берза беа реализирани 328 трансакции со вкупна
Go toTop