СДСМ: Инфлацијата расте и го јаде стандардот на граѓаните

January 12, 2025
1 min read

„Последните податоци од Државниот завод за статистика уште еднаш го потврдуваат она што секојдневно граѓаните го чувствуваат – поголеми цени, поголеми трошоци за живот и економската несигурност“, велат во СДСМ.

Според партијата, инфлацијата расте и го јаде стандардот на работниците ина граѓаните додека платите стагнираат. 

„Трошоците за живот во декември 2024 година се зголемени за 4,4%, сновните животни производи, без кои не може да се замисли ниту еден дом, поскапеле за 4,3%. Илјадници семејства се приморани да живеат со плати кои едноставно не се доволни ниту за основните трошоци. Додека граѓаните го чувствуваат овој економски удар, Владата на ДПМНЕ останува нем сведок и директен соучесник во осиромашувањето на народот. Лажните „новогодишни кошнички“ кои требаше да донесат олеснување, завршија како фарса, големите трговци го зголемија богатството на сметка на народот“, велат во СДСМ. 

Од опзициската партија додаваат, дека владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги остава граѓаните сами.

„За период од 7 години СДСМ ја зголеми минималната плата од 8 илјади на над 20 илјади денари а просечната плата од 22 илјади на над 42 илјади денари. Нашите мерки беа насочени кон граѓаните, додека политиките на ВМРО-ДПМНЕ се целосно насочени кон богатење на елитата. Слушаме денеска како министрите и функционерите во Владата на Мицкоски со најголеми плати во државата велат дека работниците премногу бараат, многу било зголемување на платите“, велат во СДСМ.

Тие бараат ДПМНЕ веднаш да ги промени овие погрешни економски политики и да обезбеди зголемување на минималната плата на 500 евра, зголемување на платите во сите сектори и укинување на ДДВ за храната. ‘Граѓаните заслужуваат власт која ќе го слуша нивниот глас, која ќе се грижи за нивните потреби и која ќе ги штити нивните интереси’.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Се истражуваат причините за пожарот во куќата во Крива Паланка во кој починаа сопружници

Следно

Голем дел од општина Карпош без електрична енергија поради испад во трафостаница

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев
Go toTop