СДСМ и ДУИ сѐ уште без договор за изборите

January 29, 2024
1 min read

Разговори има, но финален договор нема – вели претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во однос на евентуалните предизборни заеднички листи со ДУИ и останатите партии од коалицијата. Ковачевски вели дека се разговара со сите кои, како што рече, споделуваат визија за членство на Македонија во ЕУ. Тој додаде дека неговата партија веќе го формирала изборниот штаб, а за исход од разговорите со останатите партии било рано бидејќи изборите сè уште не се распишани.

„Тече и постапката за кандидирање на кандидати за претседател на државата, на кандидати за пратеници и којашто се одвива согласно динамиката усвоена согласно Правилникот и роковникот од Централниот одбор“, рече Ковачевски.

Во меѓувреме, од партијата на Ковачевски го обвинија ВМРО-ДПМНЕ дека, како што наведоа, седеле во техничката влада предводена од Џафери, а се прават дека не се дел од неа. Според социјалдемократите, лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски немал ниту став, ниту капацитет да донесе некаква одлука.

Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ обвини дека со техничката Влада еден криминалец бил заменет со друг. Според опозиционерите, СДСМ им ја дала Македонија на подарок на ДУИ и Ахмети.

„На понижувањата на Ковачевски во желбата за власт им нема крај. Тој го моли командант Форина и Ахмети да му го поддржат Стево Пендаровски и да имаат заеднички листи. Ковачевски за власт дава сè. Со Ковачевски, СДС и ДУИ, Македонија секој ден ја има сè помалку“, рече Миле Лефков – пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата на Мицкоски критикуваа и дека пратениците на СДСМ го изгласале Џафери за премиер, иако претходно најавувале дека нема да гласаат за техничка Влада која нема да добие поддршка и од ВМРО-ДПМНЕ.

Лука Андреев

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ФОТО: Лет одложен поради пингвин кој залутал на пистата

Следно

Црковен суд за замолчување новинари

Latest from Blog

Поранешен влијателен пратеник на ДУИ му се приклучи на Меџити

Поранешниот пратеник на Демократската унија за интеграција, д-р Арбен Зибери, внук на првиот албански кандидат за премиер, Насер Зибери, одлучи да продолжи со своето политичко ангажирање со Изет Меџити. Семејството Зибери е

Шамбевски повикува на независна истрага за злоупотребите во СЈО

Сведоштвото на поранешната обвинителка во СЈО, Лејла Кадриу, е едно од најсериозните и најдиректните откритија за тоа како функционирала злоупотребата на правосудниот систем во Македонија. Ова не е сензационализам – тоа е

ФФМ го трансформира македонскиот фудбал со сопствен ЛЕД екран од 210 метри

Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ) направи значаен исчекор кон модернизација на стадионите и подобрување на спортската инфраструктура. Наместо изнајмување, федерацијата инвестираше во сопствен ЛЕД екран долг 210 метри, што создава целосно ново

Во Иран се уапсени истакнати реформистички политичари

Уапсена е Азар Мансури, лидерка на реформистичката партија, заедно со неколку други политичари, наведуваат медиумите. Иранска новинска агенција го потврди апсењето на четворица политичари, но не ги именуваше. Според агенцијата, политичарите се

Од визија до акција – Божиновска за улогата на жените во енергетиката

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска се обрати на настан во рамки на проектот ELeVATE, посветен на охрабрување и поддршка на девојки и жени за кариера во Net-Zero технологии,
Go toTop