СДС и ДУИ создаваа лажна конкуренција на тендери за да можат да перат пари од буџетот

December 22, 2025
1 min read

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ

„СДС и ДУИ одамна се познати по тендерските мрежи за нивното седумгодишно владеење, поточно за воспоставување на систем на однапред договорени тендери и контролирана конкуренција.

Во 2023 година, преку организирана и добро осмислена шема во ЕСМ, во 2023 година биле испрани околу 2 милиони евра, преку наместен јавен тендер во вкупна вредност од 8 милиони евра.

Наместо јавната набавка да биде транспарентна, конкурентна и во интерес на јавноста, во постапката биле вклучени две правни лица  едно од Скопје и едно од Куманово. Но нивните улоги биле јасно дефинирани уште пред самиот почеток. Кумановската фирма била вметната само за да се создаде привид на конкуренција и да не изгледа дека скопската фирма е единствениот понудувач.


Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Фирмата од Куманово, која формално требало да игра улога на конкуренција, доставила непотполна документација и понуда со цена повисока од претходно проценетата вредност. Од друга страна фирмата од Скопје понудила цена која речиси целосно се поклопувала со проценетата вредност иако таа вредност воопшто не била јавно објавена во огласот.

По завршувањето на постапката, со цел да се замагли трагата, осомничените пуштале во оптек, примале и пренесувале финансиски средства во износ од околу 2 милиони евра  што претставува јасна основа за сомнение за кривично дело перење пари.

Ова не е изолиран случај, туку само една од многуте шеми на наместени тендери што функционираа за време на СДС и ДУИ.

Ниту едните ниту другите не се оградија и не се дистанцираа, ниту пак преземаа некаква одговорност туку само продолжуваат да го релативизираат и штитат криминалот.“

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шест начини да го одложите појавувањето на седи влакна што е можно подолго!

Следно

Трамп назначи специјален пратеник за Гренланд

Latest from Blog

Божиновска: Снабдувањето со горива е во одлична кондиција, нема ризик од недостиг

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска изјави дека снабдувањето со горива е во одлична кондиција и во земјата има доволно деривати. – Ние го следиме сето тоа. Засега снабдувањето

На Куба почнаа со обнова на електромрежата

Електроенергетската мрежа остана во дефект во саботата навечер откако голема електрана во Нуевитас, во источната кубанска покраина Камагуеј, престана да работи, соопшти операторот на мрежата UNE. Тоа предизвика каскаден ефект што остави

Божиновска: Снабдувањето со гориво е во одлична кондиција и во земјата има доволно деривати

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска изјави дека снабдувањето со горива е во одлична кондиција и во земјата има доволно деривати. – Ние го следиме сето тоа. Засега снабдувањето

Омерагиќ: Инвестицијата на Пандев отвора нови можности за младите фудбалери во Македонија

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, оцени дека инвестицијата на Горан Пандев во модерен спортски центар во Струмица претставува значаен исчекор за развојот на младинскиот фудбал во земјава. Според него, новите услови овозможуваат
Go toTop