СДС е „кукла на конци“ под диктат на Заев, со пропадната ПР стратегија од Башановиќ и Шчекиќ, Филипче е без кредибилитет и ја води партијата кон исчезнување

March 25, 2026
1 min read

СДС како партија е „кукла на конци“, која се движи според агенда поставена од други, наместо од сопственото членство или јавностa, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на ставовите на претседателот на СДСМ Венко Филипче.

Филипче е лидер без кредибилитет, под целосен диктат на Зоран Заев, кој не може да ја консолидира СДС. СДС е партија во ерозија, маргинализирана опозиција, а Филипче ја сведе партијата на петто место во Скопје и трета партија во државата со под 100 000 гласа.

Филипче ја води СДС кон пропаст и целосно исчезнување додека по насока на Заев оди на средби во Ниш со Милјан Шчекиќ и во Грција со Башановиќ да договара пи-ар стратегии кои се промашени и пропаднати.

Пи-арот на СДС е под надворешно влијание под палката на Башановиќ, екссоветникот на Зоран Заев и неговиот соработник Милјан Шчекиќ. Се поставува прашањето, за какви интереси работи СДС и какви агенди спроведува?

Филипче е синоним за криминалното владеење на Заев. Додека СДС беа на власт, 3 пати ја зголемуваа акцизата, и сакаа да воведат и еколошка такса, со која дополнително ќе се зголемеа цените на горивата. Сега цените на горивата во Македонија, со интервенција на Владата и заложбите на претседателот Мицкоски, се останати исти како и минатата недела, додека во сите држави во регионот и пошироко се зголемени неколкукратно.

СДС додека беа власт го зголемија ДДВ-то за голем број прехранбени производи, со што ја откочија спиралата за зголемување на сите цени на производите. Инфлацијата во време на СДС и ДУИ беше двоцифрена.

Заради погрешните економски политики кои ги спроведуваше власта на СДС и ДУИ и кои ги оставија граѓаните да живеат со 150 денари на ден, а државната каса ја испразнија, сега Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ враќа наталожени долгови во висина од 2.5 милијарди евра.

Исто така, СДС го колабираше енергетскиот сектор, граѓаните плаќаа енормно високи сметки за струја додека кланот Заеви и Филипче профитираа од нивните фамилијарни бизниси.

Денес АД ЕСМ ги задоволува потребите на граѓаните и конзумот и продаваат струја навечер, со што имаме дополнителни приходи од страна на потрошувачите.

СДС е тотално без концепт, а изјавите на Филипче се како теоретичар на заговори, Филипче се скара со сите дома, а сега се обидува да ја скара Македонија и со стратешките партнери. На Филипче и СДС им пречи соработката и пријателствата што ги гради Македонија со стратешките партнери.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да гради пријателства и соработки со други земји, со цел подобро да ја позиционира Македонија на меѓународен план.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи транспарентно и отчетно, се креираат мерки и решенија кои ќе го олеснат животот на граѓаните и ќе го подобрат животниот стандард, се вели во реакцијата на владејачката партија.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сали во посета на студентскиот дом „Пелагонија“: разговарано за итната потреба од подобрување на стандардот и условите за сместување

Следно

Поранешниот извршен директор на Гугл, Мет Бритин, е новиот генерален директор на Би-Би-Си

Latest from Blog

Поранешниот извршен директор на Гугл, Мет Бритин, е новиот генерален директор на Би-Би-Си

Тој ќе го замени Тим Дејви, кој ја објави својата оставка по контроверзноста околу програмата Панорама и говорот на американскиот претседател Доналд Трамп. 57-годишниот Бритин, кој ги водеше операциите на Гугл за

Поранешниот извршен директор на Гугл, Мет Бритин, е новиот генерален директор на Би-Би-Си

Тој ќе го замени Тим Дејви, кој ја објави својата оставка по контроверзноста околу програмата Панорама и говорот на американскиот претседател Доналд Трамп. 57-годишниот Бритин, кој ги водеше операциите на Гугл за

Сали во посета на студентскиот дом „Пелагонија“: разговарано за итната потреба од подобрување на стандардот и условите за сместување

Денес, Првиот заменик-претседател на Владата на Република Северна Македонија, заедно со заменик-министерот за образование, Дритон Сулејмани, реализираа посета на студентскиот дом „Пелагонија“. За време на посетата, тие одблиску се запознаа со условите

Потврдено: Сенегал поднесе жалба до ЦАС во Лозана!

ФОТО:facebook.com/fsfOfficielle Како што се очекуваше, Фудбалската асоцијација на Сенегал поднесе жалба против одлуката на Конфедерацијата на африкански фудбал (CAF), со која на овој тим му беше одземена титулата освоена на теренот во
Go toTop