СДС да мислеа повеќе на животната средина наместо да крадат кај ќе стигнат, ќе направеа нешто по што ќе може да ги паметиме надвор од криминалните скандали за набавки

January 10, 2025
1 min read

Со голема сериозност ги разгледавме предлозите на СДС за аерозагадувањето прашувајќи се зошто, ако воопшто знаеле, како треба до пред 6 месеци со прст не мрднаа за да го решат ова горливо прашање. Но, сфатиме за што се работи. И така читаме да видиме дали има нешто зрело и дали се промениле во СДС, иако има поговорка кај нас дека волкот ја менува кожата но наравот никогаш, кога има што да видиме. Не само што не се промениле, туку тие продолжуваат да тонат. Да, почитувани граѓани. И тоа можело. Мерките на СДС за борба против аерозагадувањето биле да не ода на работа луѓето. И да има контрола на возилата. Ете. Толку бил едноставен проблемот, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Но, да бидеме сериозни, трагедија се обидите на СДС загадувањето да го третира како тема. Освен што играат на картата дека народот заборавил дека до пред 6 месеци беа на власт и немаа ниту една, повторуваме ниту една мерка за животната средина, тие очигледно го потценуваат и капацитетот на народот кој јасно гледа дека ова што го предлага СДС не само што не се мерки туку се избрзани прес конференции да исполнат квота за која центарот за комуникации на СДС си добива добра плата. Не само што ова не се мерки, туку се далеку од тоа што е потребно за да се реши проблемот а дури и да се ублажи. Ние планиравме секако одредени категории на вработени да препорачаме и наложиме да бидат ослободени од работни обврски, но за решавање на загадувањето потребни се сериозни чекори и длабоки промени и инвестиции. Нешто кое ние го припремаме и за кое одвојуваме буџет и нешто за чија реализација е потребно време. Да мислеа повеќе на животната средина, наместо да крадат од кај ќе стигнат, СДС ќе направеа нешто по што ќе може да ги паметиме надвор од скандалите за набавки, криминални тендери, уништување на институциите и енергетскиот систем преку пљачка на РЕК Битола и ЕСМ, измеќарството кон ДУИ и националните предавства, трагедијата од пожарот во криминалната модуларна болница на Филипче, несреќите на Дурмо турс на пајташот на ДУИ, како и многу други наместени тендери и криминални злоупотреби.

Затоа, обмислете ги убаво соопштенијата, а за тоа не е потребно само плата туку и капацитет и интегритет. Очигледно кај вас недостасуваат, стои во реакцијата.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Грција пристигна и последниот Рафал со што се комплетираше нарачката од 24 француски воени авиони

Следно

Тело на жена извлечено од Вардар во близина на Зелениково

Latest from Blog

Утре се празнува Преподобна Ангелина-заштитничка на семејството, мајките и жените

Преподобна Ангелина била сопруга на светиот деспот Стефан Бранковиќ и мајка на светите Јован и Максим. Таа е позната како пример на христијанска трпеливост, смирение и длабока вера. По смртта на сопругот,

Ахмети живее во фолклорот од пред 20 години, вели Муцунски за барањето за избор на Влада со „Бадентер“

Али Ахмети уште живее во фолклорот од времето кога првпат има земено учество во владата од 2002 година. Поминати се многу години, повеќе од 20 од времињата во коишто е заглавена неговата

Авион на „Рајанер“ удрил во цистерна на аеродромот во Единбург, патниците евакуирани

Авион на ирската авиокомпанија „Рајанер“, на лет за Португалија, денеска удрил во цистерна за гориво на аеродромот во шкотската престолнина Единбург, поради што патниците биле евакуирани, соопшти портпарол на аеродромот, додавајќи дека

Муцунски: Нема да примаме мигранти, ниту одбиени баратели на азил од Обединетото Кралство

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски смета дека темата за прием на одбиени баратели на азил во земјава, шпекулативно ја отвориле медиуми од Обединетото Кралство, и тоа не само
Go toTop