Савукинас: Реално е повторно да ги победиме Македонците

May 10, 2025
1 min read

По поразот на нашите ракометари на гости, сега Литванците имаат мотивација и самодоверба за овој меч. Токму тоа го покажа селекторот Гинтарас Савукинас со последната изјава.

„Ќе биде многу тешко во Македонија, а нам тоа ни совршено е јасно. Моите ракометари се одлучни во намерата да се освои барем тој еден потребен бод. Словенија веќе е архивирана и сè е насочено кон последниот предизвик. Потребен ни е позитивен резултат во Скопје, барем еден бод. Мислам дека е реалистично повторно да ги победиме Македонците, исто како што беше реално да ги победиме дома. Сепак, едно е да се игра дома, а друго на гости. Знаеме каква поддршка има ракометот во Македонија“, изјави селекторот Савукинас.

Натпреварот меѓу Македонија и Литванија ќе се одигра во СЦ „Јане Сандански“ в недела во терминот до 18:00 часот.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израелски напад врз центар на ОН за хуманитарна помош во северна Газа

Следно

Ана Ивановиќ и Ѓоковиќ повторно заедно?

Latest from Blog

Мицкоски: Ќе одговара секој кој прави криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и ако тој глас допре до мене

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево одговарајќи на пратеничко прашање дека секој оној кој што прави какво било криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и тој глас допре
Go toTop