Сарамандов: Грчките туристи имаат голем инпут во локалниот развој на Гевгелија

August 24, 2025
1 min read

На денешниот Саем-Отчет по повод „4 години работа за тебе“ се обрати градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов кој се осврна на меѓународната соработка и колку е таа значајна за општина Гевгелија со што ги објасни придобивките на општината заради нејзината местоположба и близина со Република Грција.

„Грчките државјани се секојдневно присутни во нашиот град во текот на целата година, но тие не се само гости тие се на некој начин тие се партнер на нашата локална економија, најголем дел од малите стопанственици од Гевгелија зависат токму од приходите остварени од грчките државјани и од транзитните туристи, ние сме еден добар пример каде што добрата местоположба и добрососедските односи придонесуваат за финансиско зајакнување на една локална заедница како Гевгелија“, рече Сарамандов.

Сарамандов објасни дека како резултат на добрата соработка со грчката амбасада во тек е отворање на трговски центар кој ќе овозможи 150 нови работни места како и инвестиција за отворање на нов ритејл парк кој ќе овозможи 400 нови вработувања.

„Како локална самоуправа воспоставивме добра комуникација и со грчката амбасада, по препорака на амбасадата на Република Грција во тек е реализација и инвестиција во Гевгелија на потегот до граничниот премин, трговски центар којшто ќе овозможи 150 нови вработувања и ќе даде дополнителен инпут на локалната економија во Гевгелија. Во изминатите четири години со цел да ги искористиме можностите што ни ги дава оваа местоположба беа реализирани повеќе инфраструктурни проекти, беше изготвена туристичка платформа на градот, беа донесени нови урбанистички планови и како резултат на нашата отвореност кон приватниот сектор имаме уште една инвестиција модерен ретаил парк кој во наредниот период ќе овозможи 400 нови вработувања“, истакна Сарамандов.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Битола ќе се поврзе со Скопје преку автопат, Штип добива вештачко езеро – Николоски

Следно

Меџити најави целосна трансформација на ОУ „Јашар-бег Скопски“ во Чаир

Latest from Blog

Милевски разочаран од поразот: “Срамотен настап, изгледаше како играчите и селекторот првпат да се гледаат“!

И Украина исто како Македонија, вчера во полуфиналето од плеј – офот за пласман на СП, беше убедливо поразена од селекцијата на Шведска и тоа со 1:3. Болен пораз за Украинците по

Нова урбана зона во Битола – конкурс за најдобро идејно решение

Основна цел на конкрсот е да се добие квалитетно урбанистичко – архитектонско и пејсажно решение за нова спортско-рекреативна зона во АРМ – Битола, со компатибилни мали комерцијални и деловни намени, следејќи ги

Сeјфулаху: Кризата на Блискиот Исток и глобалното влијание – психолошка перспектива

Тензијата на Блискиот Исток и нејзините ефекти врз глобалната економија, особено во секторот на нафта и енергија, создадоа бран на несигурност и анксиозност кај луѓето ширум светот. Зголемувањето на цените, економската нестабилност
Go toTop