Сарачини: Наместо сплотување, гледаме хајки кон неистомисленици

March 23, 2025
1 min read

Аналитичарот Петрит Сарачини во неговата колумна пишува дека иако претставниците на власта декларативно повикуваат на „сплотување“ и надминување на разликите, деновиве сè почести се обидите да се оцрни, замолчи и задуши критиката и револтот на граѓаните за трагедијата во Кочани.

„Поддржувачите на власта во медиумите и на социјалните мрежи повторно водат оркестрирани хајки против студентите и граѓанските инцијативи што најавуваат собири и протести. Повторно се ‘спружуваат’ медиуми, новинари, граѓански организации и активисти, повторно се прогласува за ‘шарен’, ‘платеник’ и ‘предавник’ – секој што ја критикува истрагата за трагедијата и постапките на ‘безгрешната’ власт, која бара одговорност секаде, но најмалку во сопствените редови“ пишува Сарачини.

Тој додава дека овие јалови обиди за бегство од сопствената одговорност не носат ниту сплотување, ниту обединување на целата земја за „промена на системот“, туку потсетуваат на, како што вели, темните времиња на Груевски и „заробената држава“.

„И по тие времиња, иако имаше далеку повеќе простор за критикување и протестирање, за жал не се презедоа порешителни чекори за справување со убиствената корупција, криминал и долгогодишна ерозија на системот. Неказнивоста и недостатокот на слух за овие суштински потреби на граѓаните придонесоа во голема мера за катастрофалниот изборен пораз на минатата власт“ вели Сарачини и прашувам зарем новата власт не научи никаква лекција од минатото.

Тој прашува дали граѓаните немаат право да се револтирани, да протестираат, да бараат одговорност, медиумите да критикуваат и да бараат одговори за сите недоследности во истрагата и неодговорените прашања.

„Зарем со плукање и оцрнување на неистомислениците „ќе го смениме системот“? Зарем со вакви хајки не се засилуваат уште повеќе сомнежите дека власта сака да се амнестира себеси од вината? Наместо да троши време на организирање хајки, демнење и шиканирање на критичарите, должност на власта е да го разбере и почитува револтот, да ја слушне критиката и прашањата на граѓаните, студентите, медиумите и граѓанските организации! Нејзина должност и одговорност е да спроведе неселективна и транспарентна истрага, која ќе лоцира одговорни виновници, и во минатото, но и во сегашноста“ вели Сарачини и додава дека само така може да се смени системот кој нè убива сите, без оглед на нашата припадност.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трагедијата во Кочани ги разбуди и општинските инспектори

Следно

Метео предупредување за Македонија: Следуваат локални врнежи и силен ветер

Latest from Blog

Баражи за СП: Босна „гори“, ќе игра на Светско, пеналите ја носат и Чешка на Мундијал (ВИДЕО)

Босна слави! Италија не успеа да ја преживее Зеница и повторно не успеа да обезбеди пласман на Светско. Босанците ја победија четата на Џенаро Гатузо по подобро изведување на пенали, откако по

Пакистан и Кина го претставија мировниот план за Блискиот исток во пет точки

Кина и Пакистан објавија план од пет точки за „враќање на мирот и стабилноста во регионот на Персискиот Залив и Блискиот Исток“. Планот произлезе од денешниот состанок на министрите за надворешни работи

ВМРО-ДПМНЕ: Дали некој ќе понесе одговорност за работењето на СЈО?

ВМРО-ДПМНЕ со остра реакција упати серија обвинувања кон поранешни обвинители поврзани со поранешното Специјално јавно обвинителство, повикувајќи ги, како што наведуваат, да се соочат со сопствената одговорност пред да реагираат за најавеното
Go toTop