Санкционирани 120 возачи за брзо возење, 72 за возење без возачка дозвола

February 26, 2025
1 min read

Во текот на вчерашните активности на полициските службеници од сите осум сектори за внатрешни работи при БЈБ на МВР, во поглед на засилените сообраќајни контроли за почитување на сообраќајните правила и прописи на патиштата низ државава, беа издадени 773 платни налози.

Во рамки на веќе континураниот актуелен статистички тренд по однос на сторените прекршоци согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, и натаму најбројни се случаите на непрописно паркирање 225, потоа прекршоците по основ на движење со брзина поголема од дозволената 120, а вчера е забележан и прилично висок број на прекршоци по основ на недавање на првенство на минување 51.

Изречени се седум мерки за возење под дејство на алкохол, а прекршочни пријави заработиле 8 пешаци. За неносење сигурносен појас изречени се 69 санкции, 42 мерки за користење мобилен телефон, а во 72 случаи откриени се возачи што управувале возила без возачки дозволи.

Согласно Законот за возила од сообраќај се исклучени од сообраќај 21 нерегистрирано возило како и седум технички неисправни возила.

Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените мерки и активности во поглед на сообраќајната безбедност, а континуирано се реализираат и превентивни активности низ сите сектори за внатрешни работи во насока на укажувања и апелирања до сите учесници во сообраќајот за целосно почитување на сообраќајните правила и прописи.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Јаневска: Спроведуваме истражување за вработливоста на македонските студенти, податоците ќе помогнат за нови политики во високото образование

Следно

„Матичните лекари штрајкуваат поради новите измени во системот „Мој термин““

Latest from Blog

Стабилизирани цените на горивата: Владата спречи ценовен шок и ги заштити граѓаните и економијата

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека со одлукaта на Владата и постапувањето на надлежните институции, се потврди клучната цел – спречено е поскапување на горивата и постигната
Go toTop