Санација на депонијата во Никуштак: Меџити најави голема акција за заштита на здравјето

August 25, 2025
1 min read

Министерството за животна средина и просторно планирање денес ја започна санацијата на дивата депонија во селото Никуштак, општина Липково. Депонијата е идентификувана како една од најопасните во Националниот план за управување со отпад и претставува сериозна закана за здравјето на жителите на Липково и соседните општини.

За проектот се обезбедени околу пет милиони денари од Буџетот за 2025 година, како и механичка опрема за безбедно управување со отпадот. По завршувањето на техничките подготовки, денеска почнаа градежните работи на терен.

Министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, истакна дека оваа акција е голем чекор кон заштита на здравјето на граѓаните и подобрување на условите за живот во Липково и околниот регион. Тој нагласи дека институциите немаат повеќе време за чекање и дека треба конкретно да дејствуваат на терен.

Од Министерството додаваат дека акцијата е важен чекор во напорите за подобрување на животната средина и заштита на здравјето на граѓаните на Липково и целиот регион.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дигитални валути за секојдневни потреби: Криптото станува практично средство за плаќање

Следно

Изет Меџити го исполни ветувањето: Пензионерите од Чаир добиваат нов модерен објект

Latest from Blog

САД испраќа засилување на Блискиот Исток- пристигнуваат специјалци за воздушен десант

Пентагон веројатно ќе испрати неколку илјади војници од елитната 82-ра воздушно-десантна дивизија на Армијата на Соединетите Американски Држави на Блискиот Исток, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на два неименувани извори. Изворите не

Мицкоски на средба со германските амбасадори во регионот: Економските партнерства и европската интеграција во фокусот на разговорот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата оствари средба со германските амбасадори во регионот, на која разговарале за продлабочување на билатералната и регионалната соработка. Информацијата за состанокот ја соопшти преку објава на својот
Go toTop