Сања Божиновска: „Енергетската транзиција станува реалност за граѓаните“

August 20, 2025
1 min read

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, најави дека Македонија започна со работа во Националното координативно тело за Инструментот за реформи и раст – алатка од Планот за раст за Западен Балкан, која ќе донесе конкретни придобивки, особено во енергетскиот сектор.

Преку ова тело ќе се обезбеди институционална координација за навремено искористување на европската финансиска и техничка поддршка. Божиновска потенцираше дека граѓаните ќе имаат корист од поевтин роаминг, побрз и посигурен транспорт, подобра дигитална поврзаност, како и посигурна и поодржлива енергија.

„Овој инструмент е директна поддршка за Македонија на патот кон побрзо интегрирање во европското енергетско семејство и европскиот стандард на живот,“ изјави Божиновска, истакнувајќи дека енергетската транзиција е една од клучните области на европската агенда.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Официјално е потврдено: Евровизија 2026. ќе се одржи во Виена

Следно

Пад на МБИ10 за 0,63% – пазарот со дневен промет од 137 милиони денари

Latest from Blog

САД испраќа засилување на Блискиот Исток- пристигнуваат специјалци за воздушен десант

Пентагон веројатно ќе испрати неколку илјади војници од елитната 82-ра воздушно-десантна дивизија на Армијата на Соединетите Американски Држави на Блискиот Исток, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на два неименувани извори. Изворите не

Мицкоски на средба со германските амбасадори во регионот: Економските партнерства и европската интеграција во фокусот на разговорот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата оствари средба со германските амбасадори во регионот, на која разговарале за продлабочување на билатералната и регионалната соработка. Информацијата за состанокот ја соопшти преку објава на својот
Go toTop