Самохрана мајка со дете со аутизам: Нема пари да го носи ниту на логопед

December 21, 2024
1 min read

Ова е сторија за Душица Јовановска, 28 годишна од село Конопица, Крива Паланка. Самохрана мајка на дете со аутизам. Таа живее со нејзиното синче Давид и нејзината мајка. Душица од самиот почеток, сама се бори за Давид, нејзиниот 7 годишен син за да му обезбеди подобри услови за живот. Но се чини дека ја губи оваа битка бидејќи на Давид му е потребно барем три пати во неделата да посетува логопед, но Душица нема финансиски средства за да му го овозможи тоа.

Објектот во кој живеат, бидејќи тоа не може да се нарече куќа, е со една соба и ходник кој служи како кујна но и бања, во кој нема ниту греење. Душица вели дека се капат во корито бидејќи немаат бања. Пред неколку години започнале да градат една соба и бања до куќата во која живеат но поради недостиг од финансии, градбата запрела на пола.

Бидејќи сите тројца живеат во една соба, таа соба е и дневна и спална. Душица од сите хумани луѓе бара да и помогнат да го доврши објектот кој е оставен на половина. Таа тоа не може да го стори сама бидејќи поради состојбата на Давид не може да работи а нејзиниот единствен приход е помошта од државата од 11 илјади денари.

Душица се надева дека хуманите луѓе ќе и помогнат најмногу поради Давид, и тој како и сите други деца да има барем малку посреќно детство.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Еколошките организации со ултиматум – или прифатете ги нашите барања или протест на 28 декември!

Следно

Тошковски: Македонскиот и турскиот народ се два блиски народи кои соработуваат и се почитуваат на сите полиња

Latest from Blog

Нова урбана зона во Битола – конкурс за најдобро идејно решение

Основна цел на конкрсот е да се добие квалитетно урбанистичко – архитектонско и пејсажно решение за нова спортско-рекреативна зона во АРМ – Битола, со компатибилни мали комерцијални и деловни намени, следејќи ги

Сeјфулаху: Кризата на Блискиот Исток и глобалното влијание – психолошка перспектива

Тензијата на Блискиот Исток и нејзините ефекти врз глобалната економија, особено во секторот на нафта и енергија, создадоа бран на несигурност и анксиозност кај луѓето ширум светот. Зголемувањето на цените, економската нестабилност

САД подготвуваат копнена офанзива против Иран?

 Американскиот претседател и натаму тврди дека преговорите со Техеран добро напредуваат, Иран категорично негира, а разногласијата повторно ја вивнаа цената на нафтата на 110 долари за барел, особено по информациите дека Пентагон
Go toTop