Само што почна собраниската седница на Комисијата за надзор на работата на АНБ и АР, поради барањата на ВМРО-ДПМНЕ, беше прекината

November 12, 2024
2 mins read

Пратеничката од СДСМ Славјанка Петровска на прес-конференција кажа дека со барањето на ВМРО-ДПМНЕ да се дополни дневиот ред на Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање, ја оствариле својата цел, да не се отвори точката на дневниот ред на која беше „Информација за незаконското именување на директор на Агенцијата за национална безбедност“.

„ВМРО-ДПМНЕ потврди: Бојан Христовски е незаконски именуван за директор на АНБ. Ова што денеска го видовме на седницата на комисијата за надзор над работата на АНБ е чист доказ дека бегаат од соочување со јавноста за ова прашање. Злоупотребувајќи го мнозинството тие денеска спречија одржување на седница и расправа за прашања чии одговори ги чека целата јавност, како македонска, така и меѓународна. Ова денешно однесување на власта, покажува само едно: Дека има тиранија на мнозинството и целосно отсуство на демократските капацитети за владеење на правото!“.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, во Комисијата која треба да го следи работењето на АНБ и Агенцијата за разузнавање, побараа наместо прва да стане трета. Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, пак предложи, прва точка да биде надзор над Агенцијата за разузнавање на 3 декември, а втора точка да биде посета и надзор над Агенцијата за национална безбедност на 16 декември.

Претседателот на комисијата Скендер Реџепи одговори дека предлозите не може да ги прифати бидејќи немал безбедносен сертификат. Безбедносен сертификат за да вршаи надзор над АНБ и АР нема ниту неговиот заменик Блерим Беџети од ДУИ.

„Јас немам безбедносен сертификат, нема ни мојот заменик. Овие работи ќе ги ставиме на дневен ред кога ќе добијам безбедносен сертификат“, рече ладно Реџепи.

Според новиот Собраниски деловник, ако се Реџепи се повлече, претседателот Африм Гаши може да назначи заменски претседател на Комисијата за надзор на АНБ од кој било пратеник што го има соодветниот безбедносен сертификат „државна тајна“ ако воопшто тоа беше пречка за седница за отчет на директорот на АНБ Бојан Христовски.

Седницата беше прекината на барање на претседателот Реџепи кој повтори дека нема да има надополнување на дневниот ред.

Пратеничката од СДСМ Славјанка Петровска подоцна на прес-конференција во присуство на пратеникот Тони Јаревски од ВМРО-ДПМНЕ, кажа:

„ВМРО-ДПМНЕ потврди: Бојан Христовски е незаконски именуван за директор на АНБ. Ова што денеска го видовме на седницата на комисијата за надзор над работата на АНБ е чист доказ дека бегаат од соочување со јавноста за ова прашање. Злоупотребувајќи го мнозинството тие денеска спречија одржување на седница и расправа за прашања чии одговори ги чека целата јавност, како македонска, така и меѓународна. Ова денешно однесување на власта, покажува само едно: Дека има тиранија на мнозинството и целосно отсуство на демократските капацитети за владеење на правото!“.

Јаревски од ВМРО-ДПМНЕ, член на Комисијата за надзор на АНБ, кажа:

„Бевме сведоци денес на груб несмасен обид за театар на опозицијата на СДСМ и ДУИ и нивните коалициони партнери. Уште продолжуваат со грубото прекршување на законите, на Уставот, а и на Собранискиот деловник. Како што видовте на седницата, ВМРО-ДПМНЕ имаа јасна намера да ја поддржат иницијативата, иако имаше деловнички пречки за неа и не беа исполнети условите од Деловникот. Но, претседателот на комисијата од редовите на опозицијата не дозволи да се изјасниме за точките на дневен ред да се додадат“.

На новинарско прашање што ќе преземат пратениците од неговата партија кои имаат многу големо мнозинство во Комисијата за надзор на АНБ за да проработи таа, а не да биде вака вечно блокирана дури Реџепи не добие сертификат, Јаревски кажа дека ќе преземат сè во рамки на Деловникот.

На новинарска забелешка да биде конкретен и дека граѓаните не се запознати во детали со Деловникот, па да можат да знаат што ќе преземе ВМРО-ДПМНЕ, Јаревски кажа дека ако опозицијата на пример поднесе интерпелација за Скендер Реџепи, тие ќе ја поддржат.

Не кажа друго решение, не рече дека ВМРО-ДПМНЕ ќе му поднесе интерпелација на Реџепи.

.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Мицкоски објави системски мерки за намалување на загаденоста на воздухот: Во план е стратешка инвестиција на гасна конегертивна централа која ќе обезбеди топлинска енергија со значително намалување на загаденоста

Следно

Изложба на фотографии со овековечено културно наследство во Битола

Latest from Blog

Научник предупредува за „настан на црн лебед“ откако мистериозниот „вонземјански вселенски брод“ денес ќе се доближи до Земјата

Меѓуѕвезден објект што патува кон Земјата, наречен 3I/ATLAS, предизвика вознемиреност кај љубителите на вселената, главно поради теориите на заговор околу неговото потекло и прашањето дали можеби носи вонземјански живот. 3I/ATLAS е комета

Додик: Благодарам Трамп, ОДЛУКАТА ЗА УКИНУВАЊЕ НА САНКЦИИТЕ НЕ Е САМО ПРАВНА ТУКУ И МОРАЛНА РЕХАБИЛИТАЦИЈА

Порашениот претседател на Република Српска, Милорад Додик, во среда се обрати откако САД ги укинаа санкциите против него, заблагодарувајќи му се на американскиот претседател Доналд Трамп за исправката на она што тој

Ѓорѓиевски: Благодарам Вреди! Чаир ќе добие рамномерен развој и нови проекти

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, изрази благодарност за огромната поддршка на вечерниот настан во општина Чаир, на покана на градоначалникот Изет Меџити, нагласувајќи дека масовноста и енергијата на граѓаните ја
Go toTop