„Само 1 од 10 луѓе во Газа има пристап до чиста вода“, објави УНИЦЕФ

March 11, 2025
1 min read

Меѓународниот Фонд за деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ) објави дека само 1 од 10 луѓе во Појасот Газа има пристап до чиста и пивка вода, додека 90 % од населението се бори да дојде до чиста вода за да преживее, известува Анадолу.

Според веста што ја објави Палестинска официјална агенција ВАФА, Росалија Пулин, службеничка на УНИЦЕФ во Газа, изјавила дека на приближно 600.000 луѓе им бил овозможен пристап до вода за пиење во ноември 2024 година, но водоснабдувањето повторно е во прекин и уште повеќе се влошила хуманитарната криза во регионот.

Нагласувајќи дека недостигот на вода во Газа достигнал критично ниво, Пулен рече дека моментално само еден од секои 10 луѓе има пристап до безбедна вода за пиење, а 90 % од населението се бори да најде чиста вода за да преживее.

Меѓународните хуманитарни организации истакнуваат дека од суштинско значење за милиони раселени луѓе во Газа е пристапот до чиста вода, здравствена заштита, собирање на ѓубрето што предизвикува болести, и обезбедување гориво за пречистителните станици на отпадни води.

Агенциите на ОН информираат дека 1,8 милиони луѓе во регионот, од кои повеќе од половина се деца, имаат итна потреба од чиста вода и здравствена помош.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Станковиќ: Дамева е личност која не е достојна да извршува висока судска функција

Следно

Остра реакција на меѓународни организации по затворањето на ТикТок платформата во Албанија

Latest from Blog

Мицкоски: Граѓаните заслужуваат одговори – кој стои зад милионските хонорари во СЈО?

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски, денеска изјави дека јавноста треба да знае како се одвивале одредени процеси поврзани со „оживувањата“ на предметите на СЈО кога поранешната специјална јавна обвинителка

Да се одржи партнерството со Унгарија, следен клучен сојузник Полска, порача Димовски

Политизацијата на надворешната политика и сведувањето на клучните државни прашања на дневни партиски препукувања е сериозен ризик за македонските национални интереси – порача Илија Димовски во дебатната емисија „Директно“ на Телма. „Кај
Go toTop