Самитот во Тирана и напредокот на Албанија, Црна Гора и Молдавија се доказ дека Европа и тоа како ја интересира проширувањето

May 18, 2025
3 mins read

Дури и да се земе како точно дека и Северна Македонија, како и Албанија, заедно чекорат кон ЕУ, но нашата земја веќе две години гледа во грбот на Албанија и Црна Гора и само немо посматраше додека Молдавија не одмина и си ја зазеде позицијата меѓу трите земји, можеби и Украина, како сосема друга приказна, како група на која се гледа во следното проширување на Европката Унија до 2030 година. Година која пред 3 години беше ветена за Северна Македонија.

Зоран БОЈАРОВСКИ

Самитот на Европската политичка заедница во Тирана и напредокот на Албанија, Црна Гора и Молдавија се доказ дека Европа и тоа како ја интересира проширувањето.

Во пресрет на големиот настан во Тирана на кој се собраа 47 шефови на држави и влади, како и за време на состанокот на европските лидери беа испратени неколку силни пораки во однос на заедничкиот интерес за безбедноста на најстариот континент и во таа перспектива се гледа на проширувањето на ЕУ како на императив во турбулентните услови на геополитички предизвици и внатрешните реформ на унијата како политичка заедница на поголем број европски држави.

Од тој аспект напредокот на Албанија, Црна Гора и Молдавија во пристапниот процес претставува конкретен доказ дека Европската Унија ја задржува политичката волја за проширување, па дури и ја забрзува со изјавите дека овие три земји го гледаат како членки на ЕУ до 2030 година.

Токму затоа во изјавите на претседателот на Европскиот Совет Антонио Кошта за време на посетата на Западен Балкан пред да пристигне во Тирана, доминираа две општи пораки за регионот покрај оние кои се однесуваат на евроинтеграциите на секоја земја од регионот.

Кошта порачува дека „проширувањето на ЕУ е најважната геополитичка инвестиција во стабилноста, мирот и просперитетот на Западен Балкан и во цела Европа“ и дека проширувањето кон Западен Балкан, Молдавија, Украина и Грузија е „задача на ЕУ“.

И како втора порака, тој ја нагласи важноста од одржување добри односи со соседите, особено со оние земји кои веќе се членки на ЕУ.

Кошта, кој е на својата прва турнеја низ земјите-кандидатки од Западен Балкан, го пофали напредокот на Црна Гора во реформите, усогласувањето со политиките на ЕУ, поддршката за Украина и рече дека би било добро Црна Гора да се приклучи на ЕУ дури и пред 2028 година.

Во Белград ја нагласи неопходноста на дијалог со Косово, а во Приштина доминираше истата порака која ја соопшти после невообичаено долгиот состанок со косовската претседателка.

Тој рече дека станувањето 28-ма членка на ЕУ до 2028 година е „добар слоган“, но дека би било значајно доколку тоа се случи порано.

Оваа агенда на ЕУ ја „закова“ францускиот претседател Емануел Макрон, кој досега важеше за еден од поскептичните гласови кога станува збор за проширувањето, кога рече дека ја гледа Албанија како членка на ЕУ до 2027 година.

„Албанија е „влезна точка“ во регионот на Балканот и пошироко во медитеранскиот басен, смета францускиот претседател“, со што ја исцрта геополитичката позиција на Албанија, позицијата која до пред две-три години ја имаше Македонија.

Во еден таков контекст,  изјавата на Кошта дека она што е договорено е договорено, дека ЕУ и Макеедонија нема веќе за што друго да се договораат освен да се испорача она што е договорено во 2022 година, требаше да делува да го „разбуди“ нашиот премиер, Христијан  Мицкоски.

Но, тој само ги повтори старите ставови кои веќе не наидуваат на никакво ехо во Брисел и во било која друга европска престолнина. Освен во Будимпешта, можеби.

За да биде уште појасно, Кошта на вечерата со лидерите од Западен Балкан во Тирана, сликата за тоа што треба да направат регионалните лидери ја избистри со изјавата дека „понатамошните напори за напредок кон пристапување мора да бидат водени од фундаментални принципи: доследност и доверба“.

„Доследност – од страна на ЕУ во одржувањето на проширувањето на врвот на својата политичка агенда. И доследност од страна на партнерите во усогласувањето со нашите вредности и спроведувањето реформи. Доверба – ова може да се изгради само преку отворен дијалог. Внатрешно, меѓу партнерите во регионот и со институциите на ЕУ и земјите-членки“, напиша Кошта.

И повторно реченица која почнува со „но“. Но, наместо да го „разбудат“ овие изјави, премиерот Мицкоски од Тирана за средбата со Еди Рама напиша:

„Заедно, цврсто чекориме по патот кон Европската Унија, посветени на иднината што ја градиме со партнерство, дијалог и заеднички вредности.“ Дури и да се земе како точно дека и Северна Македонија, како и Албанија, заедно чекорат кон ЕУ, но нашата земја веќе две години гледа во грбот на Албанија и Црна Гора и само немо посматраше додека Молдавија не одмина и си ја зазеде позицијата меѓу трите земји, можеби и Украина, како сосема друга приказна, како група на која се гледа во следното проширување на Европката Унија до 2030 година. Година која пред 3 години беше ветена за Северна Македонија.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Цените во Белгија со тенденција на опаѓање, но и натаму повисоки од лани

Следно

Седумдесет и пет години од раѓањето и 50 години од објавувањето на првата книга на Раде Силјан

Latest from Blog

Фото: Млада пејачка во секси издание

Многу од нив вложиле труд во стилизирањето за оваа вечер, па тоалетите им биле навистина посебни и инспиративни. Во морето од разновидни модни избори, особено се издвои импресивниот стајлинг на младата и мегапопуларна пејачка

Фото: Млада пејачка во секси издание

Многу од нив вложиле труд во стилизирањето за оваа вечер, па тоалетите им биле навистина посебни и инспиративни. Во морето од разновидни модни избори, особено се издвои импресивниот стајлинг на младата и мегапопуларна пејачка

Фото: Млада пејачка во секси издание

Многу од нив вложиле труд во стилизирањето за оваа вечер, па тоалетите им биле навистина посебни и инспиративни. Во морето од разновидни модни избори, особено се издвои импресивниот стајлинг на младата и мегапопуларна пејачка

Каков е животот во најрелаксираниот град во светот?

Холандскиот град Ајндховен е прогласен за најрелаксиран град за живеење во светот. Според анкетата спроведена од компанијата за дигитални финансии „Ремитли“, овој потценет европски град е прогласен за најрелаксирано место за живеење

Мистериозна ЖЕНА ВО БЕЛО ШЕТА НИЗ БЕЛГРАД, сведоците и медиумите немаат објаснување!

Во текот на ноќта, жителите на Белград беа сведоци на морничави сцени на жена во бело кои се појавуваа на улиците. Снимките од социјалните медиуми документираа необјаснети сцени кои дополнително ја интригираат
Go toTop